Декември е вашиот месец на тивко подигање, враќање на силата и поставување нови темели.

Првата половина од месецот е интроспективна: чувствувате потреба да се повлечете, да обработите нешто што долго стоело на душата и да расчистите внатрешни блокади. Полната месечина во Близнаци на 4 декември ја активира вашата зона на здравје и рутина и ве поттикнува да завршите нешто, да смените навика, да расчистите работна динамика што ве заморува.
На 11 декември, со Меркур што повторно влегува во Стрелец, умот станува појасен, а внатрешниот притисок се намалува. Но клучниот момент е 15 декември, кога Марс преминува во вашиот знак. Ова е огромен енергетски подем: амбицијата се враќа, мотивацијата се буди, а вашата сила се стабилизира. Младата месечина во Стрелец на 19 декември ви помага да расчистите духовен или ментален товар пред да започнете нов циклус. На 21 и 22 декември, со влегувањето на Сонцето и Месечината во вашиот знак, започнува вашата сезона и личната нова година. Ова е момент на пресврт, јасност, сила и нови одлуки. Декември е месец на зрелост и враќање на контролата врз сопствениот живот.
Љубов
Љубовниот живот во декември се движи помеѓу потребата за смирување и потребата за стабилно поврзување. Првата недела може да биде малку чувствителна.Полната месечина во Близнаци буди нерешени прашања, недоразбирања или чувство дека нешто ве оптоварува. Вашата потреба за дистанца не значи студенило, туку ви треба време да обработите.
Од 11 декември, со Меркур во Стрелец, разговорите стануваат појасни. Ќе знаете што сакате да кажете и ќе можете поискрено да го изразите. Но вистинскиот пресврт е на 15 декември, кога Марс влегува во вашиот знак: љубовната енергија станува директна, сигурна и поцелосна. Ќе барате партнер кој стои со двете нозе на земја, кој е поодговорен, поприсутен, појасен.
Младата месечина на 19 декември ви носи нов почеток во внатрешниот свет – расчистување со старите емоции, стари очекувања или стари стравови што влијаеле на односите. Од 24 декември, со Венера во вашиот знак, љубовта станува длабока, зрела и полна со доверба. Ова е еден од најубавите периоди за врски во 2025 година: привлекувате сериозни партнери, а оние што се во врска можат да направат важен чекор напред. Тоа е љубов која се гради постепено, но силно.
Работа
Во работата, декември е подготвителен период што завршува со силен подем. Првите десет дена може да ве натераат да завршите задачи што ве следат цела есен, особено оние што бараат деталност или истрајност. Полната месечина на 4 декември сигнализира завршување на проект, расчистување на работна динамика или нов распоред.
Од 11 декември комуникацијата станува полесна. Ќе имате повеќе фокус, ќе знаете што сакате да кажете и ќе имате подобра организација. Најсилниот транзит е Марс во Јарец од 15 декември. Ова ви дава дисциплина, храброст, енергија и издржливост да преземете лидерска улога или да завршите нешто големо. Ќе се чувствувате стабилно, јасно и подготвено.
Младата месечина на 19 декември е идеална за започнување нов проект „во позадина“, нешто што допрва ќе порасне. Од 22 декември, со почетокот на вашата сезона, работните можности се отвораат. Ќе имате подобра визија, поголем авторитет и чувство дека навистина го поставувате патот за 2026.
Здравје
Здравјето во декември оди од замор кон стабилизација. Првата недела може да биде осетлива – стрес, напнатост, проблеми со спиењето или ментален товар. Од 11 декември, со Меркур во Стрелец, умот се расчистува. Но најголемата промена доаѓа со Марс во вашиот знак на 15 декември: физичката енергија расте, мотивацијата се враќа, а телото реагира добро на движење. Овој транзит е идеален за враќање на физичка сила, воспоставување здрава рутина или зајакнување на имунитетот. Кон крајот на месецот, со Сонцето и Венера во вашиот знак, ќе чувствувате стабилност, топлина и физичка сила. Ќе го завршите месецот со чувство на јасност, контролa и енергија.