Месечен хороскоп за декември 2024: Вага

Декември е посветен на саканите.

Работа

Новите ситуации на работа ве загрижуваат бидејќи не сакате да се помирите со таквата промена. Потребни ви се поефикасни решенија, а се однесувате како да не верувате никому. Соработниците сметаат дека не ги консултирате доволно, па затоа ќе треба да направите напор да се најдете на пола пат. Не влегувајте во активности кои бараат големи вложувања од ваша страна. 

На 7 декември, кога Нептун ќе го заврши своето ретроградно патување, најважно ќе ви биде да се посветите на грижата за себеси. Полната Месечина на 15 декември би можела да ви донесе некои интересни откритија за она што ви е најважно на полето на кариерата. Обрнете внимание на овој датум. Со почетокот на сезоната на Јарците, Сонцето ќе ја осветли вашата куќа на домот и семејството, па така, тоа ќе ви биде најважно во овој период. Ќе имате став дека работата може да почека. 

Љубов

Ова е период во кој сте харизматични и свесни за својата вредност, па во согласност на тоа, барате и таква личност. Подгответе се за убава, слатка авантура. Зафатените Ваги се чувствуваат оддалечено од саканата личност, но овој период би требало да направи да си недостигате едни со други. Пробајте да се потпрете на блиски личности, особено ако не знаете каков чекор да преземете. 

Бидете внимателни околу 6 декември, кога Марс почнува да се движи ретроградно. На истиот ден, Венера влегува во Водолија во вашата куќа на задоволство. Тоа ви носи убава, слатка магија во вашите љубовни односи. 

Здравје 

Намалете ја брзата храна.