Декември е убав месец за Шкорпиите.
Работа
Овој период би можел да биде одличен за вас. Но, потребна е прецизност и поголема доверба во другите. Верувајте им на помладите соработници и не се сомневајте во нивните способности. Едноставно потрудете се да им дадете шанса. Ќе имате можност да поразговарате со некој кој ќе ви помогне да напредувате. Некој ќе се труди да ве натера да прифатите ново или компромисно решение, но не морате да го правите тоа, ако интуицијата ви вели да почекате.
На 6 декември, Марс почнува да се движи ретроградно во Лав во вашата десетта куќа на социјален статус. Ова е период кога можно е да се соочите со намалена самодоверба, па затоа бидете внимателни. Немојте да бидете премногу критични кон себеси. Не е до вас.
Заокружете го 15 декември во вашиот календар, бидејќи тоа е ден кога полната Месечина ќе ве поттикне да преземете храбри чекори, кога станува збор за кариерата. Со почетокот на сезоната на Јарците на 22 декември, дополнително ќе бидете мотивирани да постигнете нешто конкретно и вашата продуктивност ќе биде особено засилена до крајот на годината.
Љубов
На 7 декември, Венера ви носи еден од најубавите викенди. Дополнително, во текот на истиот ден, Нептун го завршува своето ретроградно патување и почнува да се движи директно во вашата петта куќа на задоволство. Ова е убав транзит кој носи љубовна магија во вашите животи.
Можни се мали проблеми во врска, поради потребата да се посветите на својата кариера. Однесувањето на партнерот ве иритира во последно време, бидејќи ви изгледа дека ве гуши и често користи манипулативен начин за да ги оствари своите цели. Пробајте да покажете повеќе нежност и разбирање со цел да ја надминете ваквата ситуација.
Ако сте слободни, можна е опседнатост со некоја личност. Веројатно станува збор за некој кој го познавате од работа.
Здравје
Можна е исцрпеност поради ментален замор.