Месечен хороскоп за декември 2024: Рак

Декември е љубовен месец за Раковите.

Работа

Младата Месечина на 1 ноември може да ве поттикне да се посветите на градење нов распоред и навики, но ако се посветите на тоа, големи се шансите да ја зголемите својата продуктивност. Но, имајте на ум дека кога Марс ќе почне да се движи ретроградно на 7 декември, ќе бидете помалку мотивирани за работата и ќе се посветите целосно на грижата за себеси. Кога полната Месечина ќе го осветли небото на 15 декември, бидете подготвени за вести и изненадувања на ова поле. Тоа е и датум кога Меркур го завршува своето ретроградно патување, што носи подобра комуникација со колегите.

Пробувате да се изборите за поголема независност на работното место, но постојат околности на кои не можете да влијаете. Овој период може да ви донесе нејасни професионални понуди на кои не можете целосно да се потпрете, па затоа ќе треба добро да истражите што е добро за вас. На крајот на декември ќе биде важно да обрнете внимание на можностите за професионален напредок. Окупирани сте со размислувањето за самостојна работа или пак ново работно место, но пред да го направите тоа, треба да ги истражите сите можности за напредок на постоечкото работно место. Важно е да остварите нови професионални контакти и да останете во добри односи со луѓето околу вас. За некои Ракови, можна е понуда за работа во земја со германско говорно подрачје.

Љубов

Чувствувате силна емоционална несигурност или потреба некој да ве увери во нивните добри намери. Помалку сте заинтересирани за љубов. Во трагањето кон вистината, имате одредена визија, но не и доволно сила да се соочите со љубовните разочарувања. 
Ако сте во врска, можно е да сте сомничави кон партнерот, но пред да започнете конфликт, пробајте да утврдите од каде потекнува таквото чувство. 

На 6 декември, Венера се преместува во вашата осма куќа, што дополнително ќе ве поттикне да заборавите на работата и целосно да се посветите на времето поминато со вашите сакани. Ден потоа, кога астероидот Церес ќе се премести во осмата куќа на секс и трансформација, ќе почнете поинаку да му пристапувате на задоволството. Можеби ќе сакате да испробате нешто ново со партнерот, или пак ако сте слободни, ќе бидете заинтересирани за авантура. На 7 декември, Нептун го завршува своето ретроградно патување и ви носи поголема јаснотија на ова поле. 

Сонцето влегува во Јарец на 21 декември, а со тоа почнува значаен љубовен период за вас. Ако не сте во врска, ова е одличен момент за да ја пронајдете својата сродна душа. Со младата Месечина на 30 декември, месецот, а и годината завршуваат на љубовен начин. Ова е одличен период за прв состанок со некој кој ви се допаѓа.

Здравје 

Стресот и нервозата ви се најголеми непријатели.