Месечен хороскоп за декември 2024: Овен

Декември ви носи големи можности за напредок.

Работа

Иако ќе се соочувате со стрес, декември носи големи шанси за напредок. Младата Месечина на 1 декември ја осветлува вашата зона на креативност, потсетувајќи ве на некои ваши интереси и цели на кои сте заборавиле поради тоа што сте зафатени. Почетокот на сезоната на Јарците на 22 декември ви носи силна амбиција и фокус на кариерата. Но, младата Месечина на крајот на декември ќе ве поттикне да размислите за вашите долгорочни цели и да изнајдете практични начини за нивно исполнување. Таа ја осветлува вашата десетта куќа на јавен имиџ, што може да ви донесе многу нови познанства и големи можности.

Овој период ја истакнува вашата креативност, но и потреба стекнатото искуство да го примените на најдобар можен начин. Нема потреба да се плашите од новите предизвици, но бидете внимателни како ќе се поставите кон соработниците, особено оние кои се постари од вас. Важно е добро да ги процените околностите и да имате добар тим околу себе. Ќе бидете ангажирани на сите страни и тоа е одлично, но внимавајте да не се расфрлате со својата енергија и таму каде што тоа не е потребно. Се отвораат нови врати и можности за соработка со странство. Бидете внимателни кога станува збор за финансиите. 

Љубов

Минувате низ различни фази на емоционално расположение, но внатрешниот импулс ве поттикнува постојано да ја менувате својата љубовна тактика. Оние кои се слободни би можеле да се разочараат од нечиј одговор и однесување. Бидете внимателни, бидејќи нагласените страсти и големи емоции понекогаш би можеле да ве занесат и да ве поттикнат да донесете погрешни одлуки. За некои Овни, можен е почеток на комуникација со личност која живее во странство.

Овните кои се во врска ги очекува период на искрена приврзаност. Имате голема поддршка од саканата личност, особено во однос на прашањата поврзани со кариерата. Важно е да сте тука еден за друг. 

Марс почнува да се движи ретроградно во вашиот сектор на романса на 6 декември, па можно е да не сте премногу заинтересирани за љубов околу овој датум. Дајте си време за да се поврзете со активностите и луѓето кои ве прават среќни, ништо не морате да форсирате. Ова е и добар период да се поврзете со вашите пријатели. Ден потоа, на 7 декември, астероидот Церес влегува во вашата единаесетта куќа и ви носи романса и задоволство. 

Полната Месечина на 15 декември е одличен период за да ги надминете комуникациските проблеми во вашата врска. Ако сте соочени со големи конфликти, сепак овој датум не е најдобар за големи и храбри потези. 

Здравје 

Можна е нервоза. Обрнете внимание на болката во вратот и кичмата.