Декември е романтичен месец за Лавовите.
Работа
Овој период ќе биде обележан со необични ситуации. Можни се активности во кои сте планирале нешто, а кои конечно ќе ви овозможат да реализирате нешто конкретно. Ако тоа се случи, потрудете се да бидете горди на себе и соодветно да прославите. Можна е одлична понуда од странство или пак во врска со фирма која соработува со странство. Потрудете се голем дел од обврските да завршите до крајот на месецот. Можна е мала, но минлива финансиска криза. Бидете подготвени.
Почетокот на сезоната на Јарците на 22 декември ќе ве поттикне да бидете попродуктивни и добро организирани. Младата Месечина на 30 декември е одличен период за да изградите навики кои ќе ви помогнат на патот кон успехот.
Љубов
Работата ви е приоритет, но посветени сте на својот љубовен живот. Страста доаѓа природно за огнен знак како вас. Младата Месечина на 1 декември ве поттикнува да се поврзете со своето внатрешно дете и да утврдите што е она што ви носи најголемо задоволство. На 7 декември, љубовната Венера ви носи поддршка на ова поле. Добивате многу љубов од своите сакани, но и поддршка од Венера ако некој ви се допаѓа, лесно да се поврзете и да комуницирате со таа личност. Вашата задача во текот на овој месец е само да дозволите да бидете сакани, ништо друго. Во текот на истиот ден, Нептун го завршува своето ретроградно патување и ви носи уште поголеми можност за романса, задоволство и љубов. Што и да се случи во овој период, потрудете се да бидете свесни за тоа и благодарни.
Крајот на владеењето на ретроградниот Меркур означува период на понежна комуникација, особено ако не сте во долга врска или пак со пријатели каде можно е да се поместени некои граници. Полната Месечина на 15 декември ќе ви донесе можност да уживате во сите нови конекции кои ќе ви ги донесе овој месец.
Ако сте слободни, можен е почеток на комуникација со интересна личност, која би можела да биде посесивна. Потрудете се добро да ја процените пред да почнете нешто сериозно.
Ако сте во врска, ова е добро време за искрен разговор со саканата личност.
Здравје
Можно е да имате ослабен имунитет, па така, можни се настинки и инфекции.