Месечен хороскоп за декември 2024: Јарец

Декември е ваш месец, драги Јарци.

Работа

За време на ноември, по долг престој во вашиот знак, Плутон премина во Водолија, што означи ново поглавје во вашите животи. 

Подготвени сте да влезете во нови можности, особено доколку од вас се бара креативност. Можеби сте преоптоварени со некои обврски или пак активности кои ве истоштуваат, но имате доволно енергија и способност да ја држите ситуацијата под контрола. Во првиот дел од месецот, ве очекуваат активности кои ќе ја подобрат вашата финансиска ситуација. Ве следи среќа, но покажете дека имате добра волја. Бидете внимателни со парите.

Ретроградниот Меркур ќе ве направи помалку заинтересирани за работа, што е малку чудно за вашиот знак. Но, сега на крајот на годината, важно е да се навратите наназад на она што сте го постигнале и да размислите за можностите кои доаѓаат во новата година. На 6 декември, Венера влегува во вашата втора куќа на финансиски ресурси, што значи подобрување на финансиската ситуација. 

Полната Месечина на 15 декември е во вашата куќа на здравје, што ќе ве поттикне да се посветите на грижа на себе и да изградите навики кои ќе ви помогнат да изградите подобар баланс меѓу работата и личниот живот. Почетокот на вашата сезона, на 22 декември, најавува одличен продуктивен период кој ќе ви донесе големи успеси. Младата Месечина на 30 декември ви носи уште поголема поддршка за да ги исполните целите, но и да поставите нови за новата година. 

Љубов

Јарците се во љубовен занес, но и покрај тоа имате големи барања од саканата личност. Понекогаш сте понесени од емоциите, го губите тлото под нозете и мислите дека сè е можно и лесно. Покажете повеќе разбирање за саканата личност.

Слободните Јарци се допишуваат со некој преку интернет. Овој период ви носи и контакт со повеќе луѓе, но ќе треба да бидете мудри и да ја изберете најдобрата за вас. Можни се романтични можности за кои одамна сонувате. Не се сомневајте во својата љубовна среќа.

На 7 декември, астероидот Церес и се придружува на Венера во вашата втора куќа на ресурси. Но, со овој транзит, ќе се потрудите да имате убав љубовен викенд. Ако сте слободни, ова е добар момент да се поврзете со некоја личност која ви се допаѓа. Дополнителна поддршка добивате од Нептун кој во текот на истиот ден почнува да се движи директно, па така, лесно можете да ги надминете несогласувањата во овој период. Посветете се на длабоки и искрени разговори. 

Здравје 

Можни се проблеми со нозете и зглобовите.