Месечен хороскоп за декември 2024: Девица

Декември ви носи можност за создавање убави спомени.

Работа

Овој период ќе биде обележан со необични ситуации. Можни се активности во кои сте планирале нешто, а кои конечно ќе ви овозможат да реализирате нешто конкретно. Ако тоа се случи, потрудете се да бидете горди на себе и соодветно да прославите. Можна е одлична понуда од странство или пак во врска со фирма која соработува со странство. Потрудете се голем дел од обврските да завршите до крајот на месецот. Можна е мала, но минлива финансиска криза. Бидете подготвени.

Меркур го завршува своето ретроградно патување во исто време со полната Месечина на 15 декември, а ова е одличен момент да продолжите напред кон остварување на своите професионални цели. Штом Сонцето ќе влезе во Јарец на 22 декември, ќе бидете креативно инспирирани да постигнете многу. 

Љубов

Работата ви е приоритет, но посветени сте на својот љубовен живот. На 7 декември, сонливата планета Нептун почнува да се движи директно во Риби во вашата седма куќа на љубов и ви носи можност да ги надминете сите недоразбирања. Ако ви се допаѓа некоја личност, ова е одличен момент да ги покажете своите чувства. Вашата владејачка планета Меркур го завршува своето ретроградно патување на 15 декември, што ќе ја олесни комуникацијата и ќе ви помогне подобро да се поврзете со оние кои ги сакате. На крајот на месецот, младата Месечина на 30 декември ви помага да најдете задоволство во секој момент на ова поле. Уживајте и препуштете се целосно. 

Ако сте слободни, можен е почеток на комуникација со интересна личност, која би можела да биде посесивна. Потрудете се добро да ја процените пред да почнете нешто сериозно. 

Ако сте во врска, ова е добро време за искрен разговор со саканата личност. 

Здравје

Можно е да имате ослабен имунитет, па така, можни се настинки и инфекции.