Љубовта е на прво место за Близнаците во текот на декември.
Работа
Овој период ви носи мала нервоза, но и силна логика. Ќе бидете омилени на работното место, но ако се соочите со некои дилеми, потрудете се да ги решите со своите најблиски колеги. Потребна ви е стратегија која ќе ве донесе до исполнување на вашите цели на крајот на годината. Ако сте направиле некои грешки во изминатиот период, потрудете се да ги надминете и да не бидете премногу критични кон себе. Крајот на месецот ви носи подобрување на вашата ситуација, а за некои Близнаци можна е најава за покачување на платата или пак унапредување. Периодот е поволен за јавен настап, за проверка на знаењето и подобрување на вашите вештини.
На 7 декември, ретроградниот Нептун го завршува своето ретроградно патување и почнува да се движи директно во вашата куќа на социјален статус. Тоа ќе ви донесе јаснотија во однос на вашите професионални цели. Ако постои проект кој сте го одложувале некое време, ова е одличен период за да отпочнете нешто ново.
Љубов
Младата Месечина на 1 декември би можела да ве поттикне да погледнете наназад кон некое минато партнерство, но овој пат да го видите во ново светло. Можеби е време да се извините, да прифатите извинување или пак едноставно да поразговарате. Но, не делувајте импулсивно, бидејќи влијанието на ретроградниот Меркур е силно особено во првата недела на декември. Но, важно е да знаете дека ако сакате да преземете ризик во љубовта, сега е најдобро време за тоа. Марс е познат како планета на агресијата и борбата, а тој почнува да се движи ретроградно на 6 декември. Тоа може да донесе промена во либидото, но за некои претставници на овој знак може да поттикне и конфликт со саканата личност. Чувствувате внатрешен немир и потреба за интензивна размена на нежности. Можно е да морате да се соочите со конфликт со саканата личност, која ви замерува за многу работи. Немојте да дозволите другите да се мешаат во вашата интима.
Ако сте слободни, можна е средба со некој кој ќе ви се допадне на прв поглед.
Здравје
Потребен ви е добар одмор.