Декември е емотивен месец за Биковите.
Работа
Овој период ви носи мали компликации на работното место. Можно е да се соочите со луѓе кои ќе се трудат да ве навредат или понижат. Ќе морате да се потрудите особено ако некој ве форсира, но прво важно е да процените за каква личност станува збор. Не прифаќајте работа и насоки од секого. Успевате одлично да се наметнете во ситуациите каде се бара решавање на проблемите. Пробајте да не навлегувате во долгови овој месец и да не трошите премногу, колку и да ви изгледа добро купувањето на попусти.
Во текот на втората недела на декември, Венера влегува во вашиот сектор на кариерата, давајќи ви шанса да претставите нов проект или пак да дојдете до подобра позиција. Посветете се на градење солидни конекции во овој период. Ова е и одличен момент да поставите граници на работното место и да се посветите на градење баланс меѓу работата и личниот живот. На 7 декември, астероидот Церес влегува во вашата куќа на социјален статус, што ќе ве потикне да бидете рефлективни и да размислите каде сте, каде сакате да бидете и всушност колку време вложувате во вашата работа. Ако чувствувате дека сте оддалечени од своите пријатели, овој датум е добар за повторно поврзување поради тоа што Нептун го завршува своето ретроградно патување во текот на истиот ден.
Парите треба да ви се приоритет во средината на месецот, особено кога полната Месечина во Близнаци ќе го осветли небото на 15 декември. Ова е и ден кога завршува ретроградниот Меркур кој може да ви носи мали проблеми во комуникацијата во првата половина на декември. Потрудете се да се справите со финансиските проблеми кои ве мачеа во изминатиот период и да се подготвите за подобра нова година.
Сезоната на Јарците започнува една недела подоцна и ви носи приземјувачка енергија, која ќе ве потсети дека сè е можно, ако се посветите и работите напорно на тоа. Младата Месечина на крајот на месецот ви носи можност за тоа.
Љубов
Ова е месец во кој вашето расположение ќе се менува, но дефинитивно ќе се соочите со цел спектрум на емоции. Почетокот на месецот ја носи младата Месечина на 1 ноември, со што ќе се потрудите да поставите граници кон другите луѓе, но и ќе се обидете да ја откриете нивната вистинска природа, она што се крие под површината. Но, потрудете се да не се препуштате на драма и конфликти.
Водите динамичен живот и често имате можност да запознавате интересни личности и да се дружите со уметници. Сепак, најмногу уживате во хармоничен љубовен однос со саканата личност. Некако сè ви изгледа лесно, љубовните коцкички лесно се вклопуваат една со друга.
Ако сте слободни, можна е љубовна романса со една посебна личност. Бидете подготвени за промена.
Здравје
Потрудете се да поминете повеќе време на свеж воздух.