Месечен хороскоп за декември 2022: Лав

Вашата радост ќе биде огромна, но и заразна за другите, овој месец. 

Работа

На полето на работата и во наредниот период би можеле да сте склони кон носење нагли одлуки, но тоа не е секогаш добро. Имајте го тоа на ум. Имате добри намери и водени сте од својата амбициозност, но за некои одлуки потребно е време. Чекајте да се стиши ситуацијата на работа, а потоа направете рефлексија на она што било. Сега е добро дека настапува многу поволен период за вашите финансии, па тоа ќе ви донесе големо задоволство. 

На почетокот на месецот, на 1 декември со опозицијата на Венера со Марс во вашата единаесетта куќа на заедништво можно е да бидете изнервирани од потребата на другите да се мешаат во вашиот живот и да носат свој суд, па ќе пробате да решите некои вакви ситуации. Но, ѕвездите ве советуваат да не обрнувате внимание на зборовите од другите и да се посветите на она што вие  го знаете најдобро, а тоа е да бидете успешни.

Можни се поголеми промени околу полната Месечина во Близнаци на 7 декември кога ќе имате потреба да ја прекинете комуникацијата или соработката со некои личности, но тоа и не е е така лошо бидејќи ќе ви го донесе душевниот мир кој одамна го посакувате.

На 20 декември, планетата на среќата Јупитер влегува во вашата деветта куќа на спонтаност и отворен ум, што ќе ви донесе потреба да испробате нови нешта, да аплицирате за нова работа и да стекнете нови вештини. Заборавете на минатото, ова е совршен момент да погледнете напред кон иднината. 

На 21 декември ни доаѓа почетокот на сезоната на Јарците и ве поттикнува да бидете практични и самоуверени. Ова е период во кој ќе се потрудите подобро да се организирате и да изградите структура во својот живот. Тоа не значи дека морате да бидете совршени, туку само практични.Но, само потрудете се да не трошите многу пари во овој период.

На 23 декември,  младата Месечина во Јарец ви најавува поголем приоритет на вашето ментално здравје и ви помага да постигнете баланс меѓу личниот и професионалниот живот. 

Љубов

Ве очекува фаза која би можела да ви донесе мали предизвици. Но, силното влијание на планетите ви најавува прилично интересен месец. Ќе бидете исполнети со радост и енергија кои ќе бидат заразни. Сепак, важно е да знаете што точно сакате и тоа да им го покажете на другите, без оглед на вашиот љубовен статус. Дали ви е потребна авантура или преферирате сигурност? Тоа е прашање кое треба да си го одговорите сами. 

За некои Лавови може да дојде до ситуации на љубомора и недоверба, но бидете внимателни како ќе го искомуницирате тоа. 

Оние кои се во врска ќе посакаат повеќе време да поминуваат со саканата личност, но и да минуваат време со пријателите посетувајќи ги предновогодишните забави, па затоа е важно да изградат баланс од овој аспект. 

Ако сте слободни, околу себе ќе имате личности кои ќе сакаат да ви се приближат што ќе ви ја зголеми самодовербата, но ѕвездите ве советуваат да не започнувате нова врска ако не знаете што сакате. Уживајте во радоста која ви ја носи овој период и одете чекор по чекор. 

На крајот на минатиот месец, хаотичната еклипса донесе раст во вашиот љубовен живот, а оваа тема продолжува и со престанокот на ретроградниот Нептун и неговото директно движење во Риби. За време на своето ретроградно патување, оваа планета ви донесе важна лекција: да не заборавате на љубовта кон себеси. Сега, кога таа е во вашата осма куќа ви носи мир и силна самодоверба.

На 7 декември ни пристигнува полна Месечина во Близнаци во вашата зона на пријателствата и ќе ве поттикне да се насочите кон своите пријатели и малку да заборавите на љубовта. 

На 9 декември, Венера влегува во Јарец и ве поттикнува да сакате повеќе и да го отворите своето срце кон оние кои се трудат да ви се приближат, ако сте слободни. 

На 29 декември ни пристигнува ретроградниот Меркур кој може да врати некои личности од минатото во вашиот живот или пак да донесе недоразбирања. Бидете трпеливи кон другите и нежни кон себе и не се обвинувајте себеси за ништо.

Здравје 

Можни се нови тегоби, не ги игнорирајте.