Месечен хороскоп за декември 2022: Јарец

Ова е ваш месец, драги Јарци! 

Работа

Разгледајте ги своите планови внимателни за да ги воочите евентуалните недостатоци и да ги извршите претходно договорените обврски. Ако некои работи беа одложени претходно, ова е период во кој ќе треба да ги  реализирате, па затоа ќе треба добро да се организирате. 

За среќа, ќе имате поддршка од ѕвездите и голем дел од вашите планови ќе ви донесат успех и добивка. Успех ќе остварите и со работите поврзани преку патување, туризам, образование, автомобилска индустрија и трговија. Само бидете внимателни на полето на финансиите бидејќи често ќе наидувате на непроверени информации. 

На полето на финансиите, почетокот на месецот ви носи неочекувана добивка, што ќе влијае на зголемување на вашата финансиска способност. Средината на месецот не е најдобра за да влегувате во големи трошоци и да издвојувате нови парични средства. 

Декември генерално ви носи подобра состојба на ова поле, а ќе имате можност и да здивнете од многуте обврски кои ве следеа во текот на целата година. 

Можеби мислевте дека универзумот не е на ваша страна во последно време, но декемврискиот хороскоп ќе ви покаже дека грешите. Тој најавува убав месец на ова поле.

Уште на почетокот, на 1 декември, Венера прави опозиција со Марс и ви помага да се посветите на реалноста, но и на градењето баланс меѓу работата и вашиот личен живот. Ако имате потреба да направите мал одмор, тоа е во ред, бидејќи ден потоа, полната Месечина на  7 декември ја зголемува вашата продуктивност и ви носи поттик за многу нови потфати.

Со влегувањето на Јупитер во вашата четврта куќа на домот, ќе имате поголема потреба да се посветите на саканите, но и да изградите здрави навики. Нема да дозволувате само работата да ви биде на прво место, туку ќе се позанимавате и со она што ве прави среќни, надвор од неа.

Со почетокот на вашата сезона на 21 декември ве очекува голема промена во енергијата. Сонцето ја активира првата куќа на вашата личност и ви носи неверојатна самодоверба. Ова е нова и подобрена верзија од вас.

Со младата Месечина во вашиот знак на 23 декември ќе бидете фокусирани на подобрување на вашиот личен имиџ, но и ќе си поставите важни прашања, каква личност сакате да бидете во 2023 година и што да подобрите кај себе. Вие имате голема мудрост, важно е само да ја примените онаму каде што е потребно.

Љубов

На ова поле ве очекува период кој ќе ви донесе помали промени.

Ако сте во врска, можно е со саканата личност да остварите пријателски и стабилен однос и тоа да ве направи многу задоволни. Вие сте често горди и тешко ги покажувате своите чувства, но тоа ќе се смени овој месец. За добиете љубов, морате и да ја пружите и тоа ќе ви биде многу јасно. Ќе осмислувате повеќе интересни начини да поминете време со саканата личност, а можно е и кратко патување, ако можете да си го дозволите тоа. 

Слободните Јарци би можеле да запознаат спонтана и ноншалантна личност која ќе ви годи и со која ќе посакате да започнете врска. Ќе имате силни чувства во текот на месецот, а промените кои долго ги посакувавте ќе станат ваша реалност. Некои Јарци ќе ја идеализираат таа личност, но ќе бидат свесни дека е многу подобро од сите оние кои ги сретнале претходно. 

Со влегувањето на Венера во Меркур на 6 декември ќе успевате полесно да ги комуницирате своите потреби и да бидете јасни во однос на она што го сакате и не го сакате. Ден потоа, на 7 декември ни доаѓа младата Месечина во Близнаци која ќе ви донесе потреба да поминете време сами, подалеку од другите.

Со почетокот на вашата сезона на 21 декември ќе добиете силна самодоверба и тоа ќе означи почеток на еден убав љубовен период за вас. Само не заборавајте да си замислите желба.

Два дена потоа, со младата Месечина во вашиот знак, љубовта ќе ја ставите на пиедестал и само тоа ќе ви биде важно. Вие сте познати како најголемиот работник во хороскопот, но светлината на младата Месечина го менува тоа за вас. 

Само бидете внимателни на крајот на месецот, на 29 декември кога настапува ретроградниот Меркур. Можни се доцнења, недоразбирања, пораки од бившите. Не дозволувајте овој непопуларен транзит да ви го уништи убавото празнично расположение. 

Здравје 

Овој месец ќе успеете да го стабилизирате своето здравје и ќе се чувствувате подобро.