Месечен хороскоп за декември 2022: Девица

Декември е важен месец на полето на љубовта, драги Девици! 

Работа

Декември е месец кој ќе ве поттикне да ја намалите тензијата на ова поле. Забрзани сте, но и вашиот ум е на сите страни, па затоа и се чувствувате притиснато, но самите креирате некои ситуации, без некој да го бара тоа од вас. За среќа, излезот постои и многу лесно ќе дојдете до него. Не ги слушајте премногу другите, туку потпрете се на себеси и својата интуиција. 

Ова е период кој е поволен за преговори, договори и кратки патувања. Потрудете се да бидете рационални и не си дозволувајте да носите брзи и нагли одлуки, особено кога сте лути. Важно е да бидете смирени и промислени.

На почетокот на месецот, Венера во Стрелец прави опозиција со ретроградниот Марс во вашата десетта куќа на кариерата и ви носи мали потешкотии во изнаоѓањето баланс меѓу личните и професионалните обврски. Со полната Месечина на 7 декември,ќе бидете принудени да направите избор и да го посветите своето внимание на она што ви најважно.

Кога Јупитер ќе влезе во вашата осма куќа на трансформација на 20 декември, ќе имате потреба да држите дистанца од некои колеги и да чувате повеќе од вашите планови во тајност. Не им дозволувајте на другите да ви се приближат пред да ја заслужат вашата доверба, тоа навистина е најдобрата стратегија овој период. 

Младата Месечина во Јарец на 23 декември ќе ве поттикне да ги запишете своите планови на лист хартија, но и да се навратите на некои ваши хобија кои ве прават среќни. Но, бидете внимателни бидејќи на 29 декември, ретроградниот Меркур ви носи креативен блок, а можни се и конфликти со колегите. 

Љубов

На ова поле, Девиците се чувствуваат малку несигурно, без оглед на нивниот статус. Тоа е нешто што ве кочи на патот кон среќата. Односот со другите луѓе може да биде многу подобар само ако верувате во себе и се цените себеси. 

Ако сте во врска, вашиот пристап ќе придонесе кон создавање вистинска атмосфера и комуникација со саканата личност, особено ако се соочите со мали проблеми. Кризите се она што често ве зближува, па тоа ќе биде така и овој месец. Вашата поврзаност и можност да се смеете низ падовите во врската, може да го надмине секој проблем.

Слободните Девици би можеле да сретнат една посебна личност, особено ако сте поврзани со креативни активности. Ѕвездите ве советуваат да излегувате почесто, а коцкичките сами ќе се наместат за вас, овој месец. 

На 6 декември, Меркур влегува во Јарец во вашата петта куќа на задоволства што ќе биде причина за славење на ова поле. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, ова е одличен момент да се поврзете со друга личност. Ден потоа, на 7 декември, полната Месечина во Близнаци ви носи можност да се поврзете со пријателите и да запомните дека љубовта не е секогаш романтична. 

На 9 декември, планетата на љубовта Венера се спојува со Меркур во Јарец и ви носи романса и убави мали нешта. Ова е период кога ќе уживате во љубовта и ќе им дадете можност на луѓето да бидат блиску до вас. Ако сте слободни и во потрага по љубов, овој датум е одличен за почеток на врска.

Сезоната на Јарците почнува на 21 декември и носи страст и оган во вашиот љубовен живот. Овој период ќе биде интензивен и исполнет со страст, па не се изненадувајте ако брзо се вљубите во некого. 

На 23 декември ни доаѓа младата Месечина во Јарец која ве поттикнува да откриете нови авении во љубовта. Ова е период кој е добар и за грижа за себеси, па така допуштете си масажа или некој ритуал за разубавување. 

За жал, годината ја завршуваме со ретроградниот Меркур на 29 декември кој носи недоразбирања, доцнења и конфликти. Грижете се за себе и не ги сфаќајте работите лично. Тоа е нашиот совет за крајот на годината. 

Здравје 

Ве очекува период во кој ќе се чувствувате добро.