Месечен хороскоп за декември 2021: Вага

Добредојдовте во декември, драги Ваги! Дали сте подготвени за нови предизвици?

Ова е месец во кој ќе научите многу. Вашиот декемвриски хороскоп почнува со можноста да се изразите отворено и јасно и да откриете нови одговори. Со оглед на тоа дека соларната еклипса на 4 декември се случува во вашата трета куќа на комуникација, па така пристапувате едно ново поглавје од вашиот живот кое е означено со подлабоки и позначајни одговори.

Љубов

Изминатиот месец, лунарната еклипса направи хаос во вашиот љубовен живот, но време е за промени. 

Ова е месец во кој планетарната енергија ви носи чувство на опуштеност. Ќе се чувствувате одлично во својата кожа, а тоа ќе зрачи од вас и ќе привлекувате интересни личности околу себе. Ова е и период кога ќе успевате да ги согледате своите мотиви, но и на другите без осудување и тоа ќе ви носи важни увиди и ќе ја подобрува интеракцијата со другите околу вас. На крајот ќе ви биде многу јасно што барате од љубовта.

Ако не сте во врска, првиот дел од декември ви носи динамични ситуации и излегувања со пријателите. Можно е да запознаете личност која физички ќе ве привлече силно и со која ќе имате возбудливи интимни односи. Голем дел од времето ќе го минувате заедно и ќе посакате тоа да премине во нешто посериозно. Но, дајте си време и не брзајте никаде. 

На 1 декември сонливиот Нептун го завршува своето ретроградно движење и почнува да се движи директно во Риби. Овој транзит ви носи можност да се посветите само на луѓето кои го заслужуваат вашето внимание и да заборавите на илузиите.  На 4 декември ни доаѓа младата Месечина која од вас бара да поминете време сами и да се оддалечите од другите. Поминете го времето само со оние кои ви помагаат да се чувствувате среќно и држете се подалеку од луѓе со кои не знаете на што сте. 

На 13 декември Марс влегува во Јарец во вашата трета куќа на комуникација што ќе ви донесе сила да го побарате она што вистински го заслужувате во односите со другите луѓе, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Заокружете го 18 декември во вашите календари бидејќи тоа е ноќ кога настапува полната Месечина која носи одлична можност за љубовен состанок. Овој транзит е период на кулминација, така што ако долго комунициравте со некоја личност, сега е времето за средба. 

Периодот околу 19 декември кога Венера почнува да се движи ретроградно  во вашата четврта куќа на корени и блиски роднини, можни се некои конфликти со кои ќе треба да се соочите и да ги разрешите на мирен начин. За Вагите кои се во брак, можни се  недоразбирања во домот кои ќе бидат успешно решени со почетокот на сезоната на Јарците околу 22 декември кога ќе бидете порационални и попрактични. 

Вашата самодоверба ќе биде на највисоко ниво околу 28 декември кога Јупитер влегува во Риби и ви носи одлична енергија и чувство на оптимизам. Ова е ден и кога можеби ќе добиете порака или повик од една посебна личност. Дозволете му на овој транзит со убава енергија полека да ве внесе во 2022 година. 

Работа

Овој декември, можно е да започнете успешна идеја и вашата финансиска среќа да тргне на многу подобро. Треба да знаете дека во сиот тој процес ќе треба да носите важни одлуки и планови за иднината, а можно е да направите и први чекори кон многу важни нешта. Разгледајте ги добро своите цели за да не губите време околу ситници и потоа тргнете во реализација. Останете одмерени во комуникацијата со другите, но и во совите дела. Говорете го тоа што вистински ќе го направите и насочете се кон градење на силен професионален и личен интегритет. Следете ги промените кои се случуваат околу вас и делувајте во согласност со тоа.

На 1 декември, Сонцето прави секстил со Сатурн и ви овозможува напредок во трговијата и областите поврзани со посредување и сообраќај. Ќе бидете добро организирани во извршување на приоритетните задачи и сето она што е поврзано со долгорочните проекти. Тоа ќе ви помогне и да го зацврстите својот авторитет и позиција. 

Марс влегува во вашата трета куќа на 13 декември, а тоа ќе ве мотивира да се впуштате во интелектуални разговори и да бидете водени од интелигенцијата кон значајни проекти. Само бидете внимателни да не ги надзборувате другите, бидејќи секој има свој удел во разговорот на свој начин. 

На 22 декември започнува сезоната на владеење на Јарците која е позната и како зимската рамноденица и која ви носи можност да поставите професионални цели. 

Јупитер влегува во Риби на 28 декември и ви носи напредок на полето на услугите и подобрување на финансиите. Годината ќе ја завршите задоволни со себеси. На 18 декември со полната Месечина ќе добиете шанса да направите значаен чекор напред и да ја зголемите самодовербата преку нешто што успешно ќе го реализирате. 

Здравје

Квадратот на Меркур и Нептун во првиот дел од декември ви носи алергиски реакции, проблеми со варењето и хормоните. Ќе бидете чувствителни и на стресните околности. Вториот дел од месецот носи постабилно здравје и посилен имунитет, а ќе имате и повеќе енергија.