Месечен хороскоп за декември 2021: Рак

Добредојдовте во декември, слатки Ракови! Во текот на изминатиот месец, лунарната еклипса ви донесе големи промени, но пред вас е период на нови можности. Грижата за себеси е во главниот фокус овој месец.

Љубов

Овој месец носи соларна еклипса но и ретроградна Венера која ќе го размрда вашиот љубовен живот. Ова е период во кој ќе блескате со својата привлечност, шарм и позитивен став и без некој посебен напор ќе успевате да ги фасцинирате сите околу вас. Ќе имате исполнет друштвен живот, а за некои Ракови тоа може да донесе и сродна душа во нивниот живот и слатка романтична авантура на крајот на годината. Нема да трагате по љубов, туку едноставно ќе бидете магнетот за романса, овој декември. Важно е да покажете искреност кон себеси, но и кон другите.

На 4 декември ни доаѓа младата Месечина која од вас бара да поминете време со себеси,но и да бидете нежни кон другите луѓе. Овој транзит бара од вас смиреност и потопла енергија за да ги избегнете драмите. 

На 13 декември комуникациската планета Меркур влегува во одговорниот Јарец и ја осветлува вашата седма куќа на партнерства. Можеби тоа ќе се должи на празничната сезона и постудените денови, но планетите ќе ви донесат и едно чувство на потреба од емоционална длабочина. На истиот ден, Марс влегува во Стрелец во вашата шеста куќа на здравјето, но и ви носи силна сексуална енергија која ќе биде одлична за вашето ментално здравје. 

Ако баравте совршен момент да и пристапите на личноста која ви се допаѓа или пак да разговарате за статусот на вашата врска, 18 декември е совршената дата за тоа. Ова е период на полната Месечина која претставува моќен период за манифестација на она што го сакате. Сепак, доколку имате желба да почнете нова романса за време на декември, не правете го тоа околу 19 декември кога ретроградната Венера може да направи хаос во вашиот живот.  За некои Ракови, ова е период кој носи враќање на некои луѓе од минатото во вашите животи, а некои од вас ќе се навратат на некоја врска која немала конкретен крај во минатото. Сепак, не заборавајте дека што и да се случи, треба себеси да си се ставите на прво место. 

Работа

Не може да се каже дека работите се совршени, но важно е да знаете дека треба да се фокусирате на активностите кои треба да бидат завршени бидејќи тоа се очекувањата на вашите претпоставени. Ако некои состаноци не се итни и неопходни, одложете ги, но не покажувајте нетрпение и неадекватно однесување. 

На 4 декември со младата Месечина ќе ги разгледувате вашите навики во однос на вашиот професионален ангажман и ќе посакате да направите промени. Сепак, бидете внимателни бидејќи овој транзит прави застој во комуникацијата, можни се незадоволни соработници и клиенти особено за оние Ракови кои се активни на полето на услугите. 

На 13 декември, Марс ја активира вашата шеста куќа и ве инспирира да останете продуктивни со фокус на работата. Не ги тестирајте своите граници за време на овој транзит, но пробајте да создадете резултати со кои ќе бидете задоволни без да си предизвикате стрес и проблеми со менталното здравје. 

На 22 декември почнува сезоната на Јарците а тоа го насочува вашиот фокус кон финансиите. Ќе посакате да си купите фини нешта, но и да направите анализа на финансиите. На 28 декември, со влегувањето на Јупитер во Риби можна е понуда за нова работа или пак поддршка од некоја влијателна личност. Ова е и период кога ќе создавате убави спомени, но и ќе се надевате на неверојатни нешта за претстојната 2022 година.

Здравје

4 декември носи мали проблеми на полето на здравјето, особено во однос на пад на имунитетот, а за некои Ракови можни се кардиоваскуларни тегоби и променлив крвен притисок. Вториот дел од месецот носи подобрување.