Месечен хороскоп за декември 2021: Овен

Дали сте подготвени да ги раширите своите крилја? Декемврискиот хороскоп е тука а тој ви носи нови хоризонти.

На 4 декември ни доаѓа соларната еклипса во вашата деветта куќа на експанзија која ќе ви помогне да тргнете на убаво патување без некоја посебна цел. Не е важно каде одите туку за спомените кои ги создавате.

Љубов

На крајот на ноември, сонливиот Нептун ви донесе внатрешен мир. Но, како прв знак од хороскопот вие често брзате кон романсата. Ако сте слободни, кого и да запознаете, не го брзајте и форсирајте на ништо, туку одете чекор по чекор без оглед на тоа колку и да ви се допаѓа таа личност. 

На 1 декември ќе се чувствувате како да можете да размислувате со студена глава и  ова е одличен ден некому да признаете дека ви се допаѓа или пак отворено да одговарате за статусот на вашиот љубовен однос, ако не сте сигурни каде и како се одвиваат работите.

На 4 декември време е за нови почетоци. Одете на прв состанок, пишете некому, но бидете свесни дека овие денови некогаш носат драма па дозволете си да чувствувате, но и промислено да делувате. 

Во блиските односи, може да дојде до соочување со контроверзни ситуации за дел од кои и самите сте виновни, но сега ќе ги почувствувате последиците. Време е да признаете некои свои недостатоци и грешки без желба да им префрлите на другите луѓе. Ако е потребно извинете се, но во некои случаи тоа нема да помогне. Единствено е најважно да ги утврдите лошите начини на однесување и да работите кон нивно решавање. Внимателно испитајте ги своите чувства, а ако чувствувате дека никој не ве разбира, можеби е најдобро малку да се оддалечите од другите. Многу односи на тој начин ќе се зацврстат и продлабочат, а други пак ќе бидат започнати.

Ако мислевте дека ретроградниот Меркур ги враќа бившите во вашиот живот, бидете внимателни околу 19 декември кога Венера која е планета на љубовта ќе почне да се движи ретроградно во Јарец. Задржете ги своите граници и не дозволувајте да се навратите на нешто што не ви донело ништо добро во минатото. 

Јупитер влегува во вашата дванаесетта куќа на 28 декември што можеби ќе ви донесе импулс да се ослободите од своето его и да се поврзете со себеси. Но, со оглед на тоа дека оваа планета ќе престојува во вашата дванаесетта куќа на потсвеста ќе сфатите зошто некои луѓе од минатото се враќаат во вашиот живот. Ова е одличен период за да се ослободите од токсичните односи и да си дадете себеси енергија за нешто ново. Ова е и одличен ден да замислите новогодишна желба и да започнете едно ново патување. 

Работа

Ова е месец кога веќе немате премногу ентузијазам, но можете да останете вредни, темелни и продуктивни. Ако внесувате некои промени во начините на работа, ќе ја добиете помошта која ви е потребна. Можно е да добиете нова понуда за работа или пак нова можност да работите од дома, а за некои Овни ова е креативен начин со добра перспектива за развој и успех на долг рок. Не дозволувајте да ве совлада стравот од ризици и неуспех, особено доколку се занимавате со креативна работа и уметност. 

На 1 декември, Нептун го завршува своето ретроградно патување а ова е транзит кој ќе ве потсети дека нема потреба да форсирате некои пријателства на работното место, особено ако во последно време ви изгледа како вие да сте единствените што се трудат околу тоа. 

На 13 декември, Марс влегува во вашата деветта куќа што ќе ве мотивира да акумулирате нови искуства, да научите нови нешта и да излезете од зоната каде се чувствувате најпријатно. Ослободете се од монотонијата и дозволете да преземете нови ризици. Полната Месечина во Близнаци ја активира вашата трета куќа на комуникација што ви носи многу идеи, но и харизма и интелигенција да го исполните она што го имате зацртано. 

За жал, 19 декември ви носи професионални предизвици со оглед на тоа што Венера ќе биде ретроградна во вашиот сектор на кариера, што може да ве направи да се чувствувате чудно во однос на вашите амбиции. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате и смирено пристапувајте и на секоја ситуација. 

Со почетокот на сезоната на Јарците на 22 декември ќе бидете особено фокусирани на кариерата и тоа ќе ве мотивира да донесете важни одлуки. Јарецот ја цени напорната работа и продуктивноста, па ова е период на многу успешни проекти.  Но, наместо да се опседнувате со тоа што не можете да го постигнете, фокусирајте се на работите кои се во ваша контрола.

До 25 декември, Венера е ретроградна и ги здружува силите со Плутон што може да ви создаде професионални фрустрации, но што и да се случува, кажете си себеси дека тоа е привремено. Ќе ви изгледа како туѓите очекувања да се косат со вашите лични цели, но потсетете се дека на крајот на денот, вие носите одлуки за себеси. 

Здравје

Во текот на декември, различни енергии ќе минуваат низ вас па многу од ситуациите ќе ги доживувате стресно. Пробајте да се ослободите од стресот и да ја обновите својата сила пред крајот на годината.