Месечен хороскоп за декември 2021: Лав

Вашиот хороскоп за декември предвидува желба за романса. 

Љубов

Ако сте во врска, можно е да се соочите со ситуација да ја уништите шансата за продлабочување на партнерскиот однос, особено ако не покажете смиреност и разбирање. Во овој период ќе треба да ги отфрлите старите начини на однесување кои можеби се маскирани во некои ваши принципи и уверувања, но во превод тоа е вашето его кое не ви носи ништо добро во љубовта. Немојте да бидете крути кон саканата личност, туку покажете разбирање и смиреност и трудете се да гледате објективно на работите.

Ако сте сами, можно е да бидете инспирирани за авантури и експерименти, но морате да водите сметка никого да не навредите и секогаш да ги земате предвид туѓите чувства и желби. Некои Лавови ќе привлечат интересна личност на една собиранка или забава, но отпрвин воопшто нема да ја забележуваат околу себе. Можно е кон крајот на месецот да и дадете шанса на таа личност и да сфатите дека многу си одговарате.

На 4 декември околу младата Месечина и соларната еклипса во Стрелец ќе бидете соочени со драма, но вие сте знак кој ја сака драмата па можно е да уживате во овој транзит повеќе од другите знаци. 

На 13 декември, можно е да биде зголемена вашата желба за романса па и секс. Ослободете се од потребата да бидете совршени, бидејќи сега е време да ги покажете своите чувства и да бидете отворени колку и ранливо да се чувствувате. Не и дозволувате на внатрешната критика да ви влијае, бидејќи ова не е ден за тоа. 

На 19 декември, планетата на љубовта Венера почнува да се движи ретроградно па затоа избегнувајте да носите нагли одлуки. Вистината е дека сè е во ред со вашиот љубовен живот и не морате ништо нагло да менувате. Почетокот на сезоната на Јарците на 22 декември ви носи зголемена самодоверба, па така ќе бидете магнет за многу луѓе околу вас. 

Работа

Некои Лавови можеби ќе доживеат незадоволство со своите професионални достигнувања иако другите ќе ви бидат голема поддршка и ќе ви покажат дека треба да сте горди на своите успеси. Осмислете добра стратегија, па пред да одлучите било што, консултирајте се со блиските луѓе. Ако наидете на тешкотии и одложувања, ќе треба да сфатите дека не можете да ги контролирате сите работи одеднаш, туку многу нешта некогаш не зависат од вас. Ако потпишувате договори, секогаш проверувајте ја финансиската документација бидејќи можно е да откриете ситни неправилности. 

На 1 декември, Сонцето прави секстил со Сатурн и влијае на подобрување на вашата соработка со надредените, партнерите и институциите, а тоа ќе ви помогне во полесна реализација на вашите работни задачи. Ќе имате успех и во јавните области.  На истиот ден, Нептун почнува да се движи директно и ви помага да погледнете на вашиот професионален живот со нова перспектива. Изминатите месеци додека оваа планета беше ретроградна, размислувавте за тоа што ве прави среќни и што треба да се тргне од вашиот професионален ангажман за да функционирате ефикасно. Сега кога оваа планета почнува да се движи директно, време е за конкренти решенија.

На 4 декември ни доаѓа соларната еклипса во вашата петта куќа на задоволство и забава, која ќе ве инспирира да се насочите кон некоја креативна активност која ве исполнува. Ако имате проект на кој одамна сте сакале да се ангажирате, ова е совршен момент за тоа.  Можни се промени за оние Лавови кои работат на полето на угостителството, забавата, образованието и дизајнот. Бидете внимателни бидејќи ова е транзит кој носи откажување на некои работи, а можни се и штети. 

На 13 декември кога Марс влегува во Јарец во вашата петта куќа ќе успеете да бидете поконкретни во вашите замисли и да ги претворите во реалност. За време на полната Месечина на 18 декември ќе откриете кои се вашите најголеми поддржувачи и пријатели на работното место. Ден потоа, Венера почнува да се движи ретроградно во Јарец па затоа немојте да се зачудите ако сте малку хаотични и неорганизирани. Потрудете се да најдете начин да се организирате и да воспоставите структура во работата. 

Со влегувањето на Сонцето во Јарец околу 22 декември ќе бидете поинспирирани да поминете време во домот и да се посветите на себеси, па ова е транзит кој работата ја става на второ место. До 24 декември со квадратот меѓу Сатурн и Уран ќе треба да донесете важни одлуки поврзани со вашиот професионален живот. 

Но, веќе со влегувањето на Јупитер во Риби на 28 декември ќе бидете подготвени за нови почетоци и ќе имате верба дека најдобрите нешта се пред вас. 

Здравје

Вашата општа здравствена состојба ќе биде стабилна во првата половина во декември. Но, во вториот дел од месецот Венера ќе почне да се движи ретроградно во вашето поле на здравје и носи пад на имунитетот. Можно е да бидете подложни на вирусни инфекции, уролошки проблеми, како и проблеми со варењето, па затоа ќе биде важно да преземете превентивни мерки.