Месечен хороскоп за декември 2021: Девица

Декември е месец на лични промени, драги Девици! 

Љубов

Познавањето на себеси и своите граници е клуч за зачувување на блиските односи, но ако другите не ги познаваат вашите граници, тогаш не сте ги поставиле онака како што треба. Дајте им до знаење на другите колку сте подготвени да толерирате односно каде престанува вашата толеранција. Во текот на декември, ќе имате потреба да се објаснувате, да поставувате некои граници, па и да се оддалечите малку во својот простор и да не се чувствувате виновни поради тоа.

Ако сте сами, исто така најдобро ќе се чувствувате оддалечени од другите  и нема претерано да бидете заинтересирани за љубов. Ќе ги согледувате своите потреби, начини на однесување и точно ќе утврдите што ви е потребно во љубовта за да бидете среќни.

На 4 декември ни доаѓа соларната еклипса која може да открие важни вистини за вашите љубовни односи. Време е да го најдете домот во своите луѓе, оние кои ви значат. 

Марс влегува во Јарец во вашата емоционална четврта куќа на 13 декември па така ќе бидете насочени кон тоа да си го зачувате својот простор, но и да ги заштитите луѓето кои ви значат. Но, ова е транзит кој може да донесе и конфликти во врската особено ако нешто сте игнорирале веќе подолго време.  

На 19 декември, Венера почнува да се движи ретроградно во Јарец во вашата страствена петта куќа што става фокус на љубовта која не ја добивате. Ќе се чувствувате како да постои недостаток на искра во вашиот живот, а можно е да се поврзете и со некоја бивша љубов и да откриете вистини кои претходно биле скриени од вас. 

Но, за среќа со почетокот на сезоната на Јарците на 22 декември ќе наоѓате љубов на неочекувани места. Потсетете се дека љубовта доаѓа во многу различни форми. Но, бидете внимателни каква љубов пуштате во вашиот живот особено околу 25 декември кога Венера прави конјункција со Плутон. Можни се чувства на љубомора и посесивност од ваша страна, но и од другата личност. 

Најубавиот ден овој месец ни доаѓа на 28 декември кога Јупитер влегува во Риби и ви носи нови познанства и романси во вашиот живот. Ова е период на надеж и желба за позитивна 2022 година. 

Работа

Ова е добар период за инвестиции кои ќе се исплатат. Успехот е на ваша страна, но потрудете се да не калкулирате премногу. Важно е да останете стабилни за да бидете функционални на работното место. Не брзајте никаде, туку работете темелно како што вие најдобро го умеете тоа. Ова е месец во кој ќе можете да се вклучите страствено и со силно чувство на ангажираност и исполнетост.

Декември почнува со завршувањето на ретроградното движење на Нептун на 1 декември, а тогаш вашите професионални цели стануваат јасни како ден. Нема веќе да бидете збунети во однос на тоа што го сакате и ќе тргнете во мисија да ги остварите своите цели. 

На 13 декември, вашата планета Меркур влегува во одговорниот Јарец што ќе ви донесе промена во начинот на кој комуницирате со другите. Ова ќе донесе промена во односите со колегите и ќе ви донесе бенефит од директната комуникација. На истата дата, Марс влегува во Стрелец и ви помага да идентификувате што е важно да се промени на работното место со цел да бидете позадоволни. 

На 18 декември со полната Месечина во вашата десетта куќа на кариера, ќе бидете подготвени за големи потези во вашата кариера. Но, клучен е балансот меѓу работата и личниот живот кој ќе ве приземји и потсети што е важно. Ден потоа, на 19 декември Венера почнува да се движи ретроградно што малку ќе ве забави во вашите напори, особено доколку се занимавате со забава и дизајн. Она што е започнато на овие полиња, ќе треба да почека подобри времиња. 

Здравје

Првата половина на декември ви носи добро здравје. Движете се почесто и практикувајте прошетки и рекреативни активности каде е чист воздухот. Можни се и ревматски тегоби, а потребно е и повеќе одмор. Избегнувајте црвено месо, а пијте повеќе зелен чај.