Месечен хороскоп за декември 2021: Близнаци

Среќен декември, драги Близнаци. Вашата популарност се зголемува овој месец, но вториот дел од месецот ви носи и луѓе од минатото назад во вашиот живот.

Ова е период кога ќе сфатите дека луѓето се менуваат, а тоа особено ќе ви стане јасно околу младата Месечина на 4 декември. 

Љубов

За родените во овој знак настапува период на смиреност, па ќе ви биде многу лесно да излезете на крај со сите непредвидени ситуации овој месец. За некои Близнаци, можни се турбулентни партнерски односи пред сè поради несогласување во односите со саканата личност и различни очекувања. Некои претставници на овој знак можеби ќе се одлучат да стават крај на врската, но поголемиот дел од нив со смирен пристап ќе успеат да се носат со ваквите ситуации и точно ќе знаат како да се постават.

Ако сте слободни, сега е вистинско време да покажете иницијатива или пак да и покажете јасни сигнали на другата страна.

На 4 декември доаѓа соларната еклипса која ве потсетува дека не можете да контролирате нечие однесување. Можеби ќе формирате нови односи во процесот, а можеби и ќе кажете некому збогум. Ова е важен транзит кој ви носи големи трансформации на ова поле.

Во љубовните односи можно е да дојде до драма околу 13 декември со што Марс ќе влезе во вашата седма куќа на партнерства. Тоа може да предизвика конфликти и проблеми на ова поле, но тоа само значи дека постојат подлабоки проблеми кои треба да ги решите. 

Полната Месечина на 18 декември става фокус на вашата независност, почит и разбирање. Ако сте во врска, ќе имате потреба да направите компромис и да ги почитувате барањата и потребите на другата страна, но таа ќе ве потсети и да си останете верни на себеси. На 19 декември, Венера почнува да се движи ретроградно во вашата осма куќа на интимност, помагајќи ви да се поврзете подлабоко со некоја личност со која само можеби површно сте поврзани. Ова е и транзит кој ќе ве мотивира да размислите како им пристапувате на љубовните односи. Ова е ден и кој ќе донесе луѓе од вашето минато, но бидете внимателни околу границите кои ги поставувате и не се навраќајте назад на нешто кое ве повредило.  

Неколку дена подоцна, на 22 декември со почетокот на сезоната на владеење на Јарците ќе продолжувате да гледате длабоко во себе. Бидете особено внимателни околу 25 декември кога емоциите ќе достигнат висока точка особено кога ретроградната Венера ќе направи конјункција со Плутон. Ова е момент кој ќе ви донесе силна привлечност со друга личност, но бидете внимателни бидејќи не секогаш тоа е вистинската личност за вас. Можно е да почувствувате носталгија за некои луѓе од вашето минато, но пробајте да им одолеете на искушенијата. 

Работа

Подготвени да направите што и да е потребно за некаков вид на промена, но и да пронајдете решенија за одредени проблеми. Важно е да знаете што точно сакате и да сте во склад со себеси, особено кога ќе тргнете во реализација на своите планови. Во овој период ќе бидете прилично фокусирани и концентрирани, а ако ви се нудат нови приходи прифатете го тоа бидејќи долгорочно ќе донесе тоа успех за вас. 

Сонцето на 1 декември ќе прави секстил со Сатурн и ви носи подобрување на соработката со странство, како и подобра координација со соработниците кои се на повисоки позиции. Нептун ќе почне и директно да се движи во вашето поле на кариера што поволно ќе влијае на вашата креативност, а ќе имате и подобро чувство за добитни потези на ова поле. 

На 13 декември ќе се чувствувате како суперѕвезда на работното место бидејќи ќе бидете успешни не само во работата туку и во тимот и во поврзувањето со другите. Овој транзит за некои Близнаци ќе донесе и унапредување на работа. Во секој случај, ќе го добиете вниманието кое го заслужувате. Дополнителна поддршка на ова поле доаѓа и околу 18 декември со полната Месечина во Близнаци кога ќе добиете признание за својата работа. Ова е и моќен транзит на манифестација на тоа што го посакувате.

На 22 декември, сезоната на Јарците ви носи можност да се фокусирате на професионалните цели. Доаѓаат одлични вести за вас, кои ќе бидат потврдени и околу 28 декември кога Јупитер влегува во Риби и ви носи надеж и верба за подобри денови во 2022 година. 

Заокружете го 28 декември во вашиот календар кога Јупитер влегува во вашата десетта куќа подобрувајќи го вашиот статус и носејќи ви многу нови можности за 2022 година. 

Здравје

Генерално, ве очекува добро здравје во текот на декември. Единствено е важно да се чувате од настинки преку здрава исхрана и витамини. Некои Близнаци ќе имаат проблеми со дишните патишта поради загадениот воздух, но се препорачува да одат н планина или да минуваат време на места со чист воздух.