Месечен хороскоп за декември 2021: Бик

Добредојдовте во декември, драги Бикови! Вашата владејачка планета Венера почнува да се движи ретроградно овој месец влијаејќи на вашиот љубовен живот.

Љубов

Декември е период на емоционална стабилност за вас. Ќе се чувствувате добро сами со себеси и тоа ќе ви биде доволно во поголемиот дел од месецот, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Воопшто нема да бидете заинтересирани за авантури и површни врски. 

Во изминатиот период поради влијанието на ретроградниот Нептун се соочувавте со илузии и често се прашувавте која е вистината, но околу 1 декември со завршувањето на ретроградното патување на Нептун ќе почнете да ги гледате работите појасно. Овој транзит би можел да ви донесе и крај на романса со личност која не ви одговара или пак ќе ви даде храброст конечно да ги признаете своите чувства некому.

На 4 декември ни доаѓа младата Месечина и соларна еклипа што може да ви донесе мал хаос во љубовните односи, па затоа можеби најдобро е да поминете време сами. 

Околу 13 декември ќе гледате на своите љубовни односи со аналитички пристап поради тоа што воинствениот Марс влегува во авантуристичкиот Стрелец во вашата осма куќа на секс  и трансформации. Ќе размислувате за тоа како комуницирате со другите и како е најдобро да ги претставите своите чувства, без оглед на тоа дали сте во врска или не.  На истиот ден, планетата на комуникацијата Меркур влегува во зрелиот Јарец. Ќе бидете инспирирани да комуницирате директно со другите и тоа ќе ви донесе подобро чувство во односите со саканите.

На 19 декември, вашата планета Венера почнува да се движи ретроградно во Јарец  а ова е период кога треба да сте внимателни да не правите драстични промени со својот изглед. Освен тоа, ретроградното движење на оваа планета може да ви го отежни љубовниот живот, но што и да се случи, не заборавајте дека отворената комуникација е клуч за сите проблеми. 

Работа

Ова е плоден период за Биковите кои се занимаваат со образование, полагаат испити или пак посетуваат семинари во текот на декември. Доколку ги унапредувате своите знаења и компетенции, ова е одличен период за вас. Долгорочните промени се пред вас, но морате да им пристапите промислено и одмерено, како што вие знаете најдобро. Потребен ви е фокус, смиреност и приватност за да одговорите на сите предизвици кои ќе ви ги донесе крајот на годината. Ова не е лош месец за вас, но ве очекува финиширање на многу обврски кои останаа да бидат завршени во декември. Пробајте да покажете трпение во комуникацијата со другите и сфатете ги дека можеби не пристапуваат на работата на ист начин како вас. 

Околу 4 декември со соларната еклипса ќе бидете фокусирани на долговите, она што другите ви должат или вие должите некому, а некои Бикови можеби ќе се соочат со проблем како да ги платат сметките. 

Вашиот фокус кон професионалниот аспект е особено значаен на 18 декември за време на полната Месечина во Близнаци. Близнаците се знак кој сака да е зафатен но полните месечини за моќен транзит за манифестација. Ставете крај на некои професионални проекти и направете листа на желби кои сакате да ги постигнете во натамошниот период.

Ден подоцна, кога Венера почнува да се движи ретроградно можно е да се соочите со ситуација да не можете да го постигнете тоа што го сакате. Но, со оглед на тоа дека Сонцето се движи во вашата авантуристичка деветта куќа, ова е и период кога ќе бидете прилично креативни. 

Вашите цели можат да бидат исполнети на 22 декември кога почнува сезоната на трудољубивиот Јарец. Ова е и најкраткиот ден од годината, па искористете го за себеси. Можете да остварите што и да посакате. 

Заокружете го 28 декември во вашиот календар кога би можеле да добиете пофалба од своите претпоставени или пак силна волја за работа. Ова е ден за добри вести, но и за верба за подобри денови.

Здравје

Здравјето во текот на целиот месец ќе биде стабилно. Сепак, Венера тргнува ретроградно на 19 декември и тоа може да донесе пад на вашиот имунитет. Можни се мали проблеми со коските и колената. Одморајте повеќе.