Месечен хороскоп за декември 2020: Водолија

Овој декември носи магија во вашите животи, драги Водолии!

Оваа година ви поремети многу од вашите планови, но не е време за откажување. Со вашиот владетел Сатурн во вашиот знак, по 17 декември ќе се чувствувате како да имате голем товар на својот грб. Но со влегувањето на Јупитер во истиот знак по 19 декември, ќе посегнете по ѕвездите. Ве чека голем пат кон успехот, но ќе имате среќа и наклонетост од планетите.

Сонцето во Стрелец ви носи позитивна енергија и среќа во вашите блиски односи. Ќе се чувствувате посакувано, а можно е една порака на социјалните мрежи да се ви ја заскокотка љубопитноста и да посакате да ја запознаете таа личност, што побрзо. Нема потреба за брзање, ако сте сами, само одете чекор по чекор кон она што го посакувате. 

Бидете трпеливи и скромни, а обрнете големо внимание на вашето здравје. Витамините и минералите се задолжителни, но и физичката активност.