Месечен хороскоп за декември 2020: Ваги

Забавата, задоволството и романсата се во главниот фокус овој месец, драги Ваги!

Изминатите години бевте фокусирани на домот, а со оглед на тоа дека Јупитер и Сатурн ги минуваат последните денови во знакот на Јарец, време е да станете свесни, но и благодарни за сето она што успеавте да го постигнете на ова поле во текот на изминатиот период. 

Ова е месец кога ќе треба да се фокусирате на вашето ментално здравје и мир, па најдете спокојно место во домот или околу вас каде се чувствувате свои и можете да се релаксирате. На 17 декември, Сатурн влегува во Водолија и со конјункција во Месечината ве прави да бидете поемотивни од вообичаено. Но, тоа не е ништо лошо, овој пат. Сега е време да создадете нешто ново или да ја однесете врската на едно повисоко ниво, ако сте заљубени

Доколку не сте во врска, важно е да не градите никакви големи очекувања во однос на другите луѓе, но и да поставите јасни граници во однос на тоа што тие го бараат од вас. Не морате да ги исполните очекувањата на другите, но можете да поработите на тоа што ви носи среќа, а крајот на годината е одличен за тоа. Не се плашете. 

Овој месец ви носи голема лекција како да комуницирате со другите луѓе. Штом тргнете напред, нема враќање назад, но сето тоа е за добро.