Месечен хороскоп за декември 2020: Стрелец

Ова е ваша сезона, драги Стрелци! Потрудете се да уживате колку што можете повеќе. 

Меркур - планетата на комуникацијата е во вашиот знак овој декември, па ќе ви биде многу лесно да ја говорите вистината! Има моменти кога нема да се чувствувате како најумната личност меѓу луѓето, но ќе бидете искрени и луѓето ќе ве обожаваат поради тоа. Имајте отворен ум и потрудете се да не ги игнорирате лошите сигнали во однос на луѓето, особено кога станува збор за работата. 

Ако досега се соочивте со некои мали конфликти и кризи во врската, ова е период кога со помош на вашата искреност и отвореност ќе успеете полесно да искомуницирате без оглед на тоа дали станува збор за вашата саканата личност или симпатија. Овој месец носи учење особено преку интроспектива, а тоа ќе биде многу корисно за вас.

Потрудете се да го зачувате своето трпение на сите полиња и тогаш кога ви делува дека не можете.