Месечен хороскоп за декември 2020: Риби

Драги Риби, време е да блеснете овој декември!

Марс е директен во знакот на Овен, што значи дека е време да престанете да сонувате и да се фрлите во акција. Овој месец ви носи силна планетарна наклонетост, па дури и притисок да тргнете кон она што е ваше. Ќе блескате со сиот свој сјај. Иако е важно како се претставувате во јавноста, сепак не треба да се грижите што мислат другите за вас. 

На 17 декември, Јупитер - планетата на изобилството влегува во знакот на Водолија носејќи ви куп позитивна енергија. 

Потрудете се да бидете посоцијални овој месец. И покрај пандемијата, потрудете се да се поврзете со оние кои ви значат. Јавете им се на оние кои не сте ги слушнале некое време. Имајте отворен ум и не велете не на оние кои сакаат да ви се приближат. Една личност ќе биде особено романтична, но само ако и го дозволите тоа. 

Сонцето прави конјункција со Меркур на 20 декември носејќи ви порака која одамна сте ја очекувале. Слушнете совети и од другите како да постапите и направете го најдоброто за себе. Она што ви носи највеќе среќа.