Месечен хороскоп за декември 2020: Рак

Декември е  совршен месец за да го покажете својот сјај, драги Ракови!

Соочени сте со тешкотии кои другите луѓе можеби не ги разбираат, но тоа не е причина да очајувате. На некој начин, дел од вашата судбина е како да научите да се потпрете само на себеси, но и да се соочите со големи ситуации без да ја изгубите позитивната мисла. 

На полето на работата имате поддршка од Марс - планетата на либидото и војната која е директна, така што овој месец на сите ќе им ја покажете својата амбиција. Особено голема поддршка од планетите можете да очекувате по 16 декември кога бестрашно ќе освојувате што и да посакате на ова поле, без пардон. Декември е месец кога целосно треба да се посветите на своите професионални цели и да тргнете храбро кон нивно освојување.

Љубовните односи можеби не се на местото кадешто посакувате да бидат, но најдете време да прославите за она што го имате во вашиот живот. Препознајте ги лекциите кои оваа година ви ги донесе во форма на помали или поголеми потешкотии и тргнете напред со наученото. По 19 декември, ќе ви биде полесно да се поврзете со другите, но и да запознаете личност која ќе ви го освои срцето. 

Овој месец носи и голем фокус на вашето здравје и добросостојба.