Месечен хороскоп за декември 2020: Овен

Драги Овни, овој месец е важно да имате отворен ум, бидејќи тоа ќе ви донесе многу бенефити.

Оваа година беше стресна за вас со сите ситуации во вашиот живот, но владеењето на Стрелецот ви носи поинаква, полесна енергија. Меркур, планетата на комуникацијата влегува во знакот на Стрелец на почеток на месецот што ви овозможува да ја искажете својата вистина и полесно да се изразите. Имате многу енергија, па потрудете се да ја искористите во нешто корисно овој декември. Можеби новогодишната декорација е проект на кој можете да се посветите овој период.

На полето на работата,  ќе се чувствувате како да сте на крстосница, но само вие знаете што е најдобро за вас. Кога сте исполнети на лично поле, тогаш тоа се одразува на сите полиња, не го заборавајте тоа. Можно е и да се најдете во центарот на вниманието поврзано со вашата работа. 

Венера, планетата на убавината и љубовта влегува во Стрелец на 16 декември што ви помага да бидете покреативни, а што и да намислите ќе ви биде корисно да долг рок.

Љубовта е тешка за вас оваа година, особено во време на несигурност. Можни се тешкотии и во текот на овој месец, но верувајте во себе. Дозволете да се отворите пред другите луѓе, без оглед на тоа дали сте во врска или не. По 16 декември, доаѓа можност да запознаете посебна личност во вашиот живот, отворете ги очите. Посветете се и на вашите најдраги пријателства, овој месец.