Месечен хороскоп за декември 2020: Лав

Драги Лавови, конечно доаѓа време за уживање!

Оваа година беше особено тешка за вас, а сега доаѓа време за уживање. Сонцето е во Лав што ви носи полесна, пооптимистична енергија, но и самодоверба која е силна карактеристика на вашиот знак. Ова особено се однесува на работата каде уште постојат цели кои ги немате исполнето.

Со оглед на пандемијата, ќе бидете ограничени во уживањето и принудени да останете дома, но тоа не е причина да не уживате во позитивното расположение кое го носи овој месец, но и предновогодишната атмосфера. Време е за топол чај, какао и добра книга. Најважно е да најдете време за себе, а идеите ќе дојдат сами по себе. 

На полето на љубовта, ќе бидете принудени да поставите граници. Ова ќе биде потешка енергија и голем предизвик со кој ќе треба да се носите, но тоа ви носи шанса за нов почеток во 2021. Слободните Лавови ќе имаат магнетска привлечност и ќе освојуваат околу себе. Можна е порака на социјалните мрежи од личност која многу ви се допаѓа, а за која воопшто не сте очекувале дека би можела да негува симпатии кон вас.

Утврдете што е тоа што ви е потребно и тргнете напред кон нови освојувања. На крајот на краиштата, вие сте знакот кој најдобро го умее тоа. Ќе имате потрезвен пристап и можно е да изберете личност покрај која ќе сакате да изградите долга врска и да почувствувате топлина наместо авантурите кои често ги избирате како прва опција.