Месечен хороскоп за декември 2020: Девица

Декември е месец кога конечно ќе најдете мир по турбулентната година, драги Девици!

За вас не е ништо ново, кога постојано сте на сите страни и се соочувате со земјотрес, но навистина ви е потребно време да здивнете, а декември е добар месец за тоа. Ако имате време да бидете активни, направете го тоа, дури и да станува збор за пешачење по 20-тина минути на крајот на денот. 

Јупитер и Сатурн ги минуваат преостанатите денови во Јарец, а тоа е тешка енергија за вас особено на полето на работата. На момент ќе мислите дека не можете да се справите со своите обврски, но ова е дури и премалку во однос на тоа со што се соочивте оваа година. Имајте на ум дека вие сте најпрактичниот и највредниот знак во хороскопот кој може да постигне што и да посака. 

На полето на љубовта, многу работи не се одвиваат по планот, но за некои Девици тоа ќе биде добро. Оставете малку да бидете спонтани и да уживате во магијата на малите моменти, без да имате испланирано се. 

За некои работи ќе ви биде тешко да бидете објективни, особено доколку станува збор за конфликт со вашите родители. Пробајте да откриете што е тоа што ве вознемирува и потрудете се да изнајдете здрави начини за да се справите со таквите проблеми.