Месечен хороскоп за август 2025: Јарец

Август е месец на длабински пресврт, емотивна зрелост и поставување нови лични и професионални правила. 

Иако надворешно делува како мирен период, внатрешно се случува вистинска реконструкција – на вашите вредности, односи, цели и доверба. Со Сонцето во Лав до 22 август, вие се движите низ сопствената сенка: емоционални врски, финансиски зависности, несигурности. Сето тоа излегува на површина за да може да се преработи. Марс од 6 август се движи низ Вага, вашата десетта куќа и ви носи дополнителен фокус на кариерата, статусот и јавната слика. Ќе мора да преземете водство, дури и кога не се чувствувате подготвени.

Првите денови од месецот може да бидат емотивно предизвикувачки. На 1 август, Венера е во тензични аспекти со Сатурн и Нептун, за вас тоа значи длабока преиспитување на некоја емотивна или финансиска врска. Некој може да се повлече, молчи, или да не ги исполни очекувањата кон вас. Но тоа ве тера да го зацврстите ставот: што е доволно, што е премалку, и што не прифаќате повеќе. На 9 август, полната месечина во Водолија ве фокусира на вреднување – финансиско, но и емотивно. Ќе знаете што е време да напуштите.

Љубов

Август ја води љубовта во сериозна, длабока, и трансформативна насока. Со Венера во Рак до 25 август, љубовта е на тест. Оние што се во врска можат да почувствуваат притисок, или се продлабочуваме, или се повлекуваме. Ќе има помалку трпение за однесувања кои не се автентични. Околу 1–2 август може да дојде до збунетост, тага или чувство дека се обидувате премногу да спасите нешто што не ве враќа назад со иста сила.

На 12 август, Венера и Јупитер прават хармоничен аспект што може да донесе олеснување, разбирање, или дури неочекувано романтично отворање. За слободните Јарци, ова е ден кога може да се запознаете со некој што има потенцијал за долгорочна стабилност, можеби преку пријател, работа, или патување. По 25 август, со Венера во Лав, љубовта станува повеќе фокусирана на страст, сензуалност и интензитет. Ќе сакате блискост, но и јасни граници.

На 27 август, Венера влегува во опозиција со Плутон во вашиот знак, ова е момент на вистина. Се отвораат длабоки теми: доверба, страв од напуштање, чувство дека треба да се жртвувате за да бидете сакани. Не бегајте од овие прашања, тие ве водат до емоционална слобода.

Работа

Во кариерата, август ви носи динамика, но и тестови за издржливост и интегритет. Со Марс во Вага од 6 август, енергијата се насочува кон вашата јавна улога, одговорностите, и односот со авторитети. Можно е да добиете проект, улога или задача што бара зрелост, дипломатски вештини и лидерство. Првите денови од месецот бараат внимателност. Венера во квадрат со Сатурн и Нептун укажува на ризик од погрешна проценка, особено ако работите со пари, договори или туѓи ресурси.

На 7–8 август, со хармонијата меѓу Марс и Уран, можете да започнете нешто ново што изгледа храбро или неконвенционално. Одличен момент за јавна презентација, промоција или идеја што бара креативност и храброст. На 10 август, тригонот меѓу Марс и Плутон ви дава внатрешна сила – време е да се поставите како авторитет, дури и ако тоа значи да одбиете нешто што не е достојно за вас.

На 23 август, младата месечина во Девица ве повикува да поставите нова професионална насока поврзана со образование, патување, или експертиза. Ако размислувате за промена на кариерен пат, овој ден е важен. Од 25 до 28 август, Венера во хармонија со Сатурн, Уран и Нептун носи помош од соработници, можност за менторство или признавање на ваш труд. Немојте да се потценувате.

Здравје

Вашето здравје во август е директно поврзано со границите што ги поставувате. Премногу компромиси ве исцрпуваат. Со толку енергија насочена кон другите (партнери, работа, јавност), можно е да го заборавите својот ритам. На 1–5 август, може да се јави напнатост во коските, грбот или дигестивниот систем – тело што вика: „доволно е“.

На 9 август, полната месечина активира теми поврзани со телесна сигурност, време е да расчистите со нешто што ве исцрпува, дури и ако тоа значи да отстапите од „планираното“. На 23 август, младата месечина во Девица е идеален момент да се вратите на ритам: храна, движење, сон и ментален баланс. Ако сакате да воведете нова здравствена навика, ова е совршен момент. Крајот на месецот носи подобрување на виталноста, ако сте биле доследни на себе.