Месечен хороскоп за август 2022: Шкорпија

Овој месец ќе ви покаже кому треба да верувате, а кого да избегнувате.

Минувате низ многу различни ситуации, но ѕвездите ве советуваат да и верувате на својата интуиција и ако нешто не личи добро, тогаш и не е добро за вас. 

Можно е месецот да започне малку тешко, но остатокот од месецот ќе биде подобар.

Работа

Сонцето кое минува низ вашето поле на кариера на почетокот на месецот прави тригон со Јупитер и ви носи напредок во развојот на важни проекти кои ќе ви донесат и големи приходи. Особено задоволни ќе бидат Шкорпиите кои работат на полето на услугите, образованието, туризмот и сообраќајот. 

На 1 август со конјункцијата на воинствениот Марс и Уран ќе почувствувате револуционерна енергија која ќе ви помогне да се ослободите од лошите навики и да изградите една подобра верзија од себеси. Не заборавајте на грижата за себеси и менталното здравје, за да не прегорите од многуте обврски. Ова ќе ви отвори и поволни можности за почеток на партнерство со фирма која се занимава со модерни технологии, а тоа би можело да ја унапреди вашата работа. 

Можно е да бидете вознемирени околу полната Месечина на 11 август па затоа избегнувајте конфликти и ако можете одложете ги состаноците кои се закажани за овој период. 

На 20 август кога една од вашите владејачки планети Марс ќе влезе во Близнаци, ќе бидете поасертивни и ќе се чувствувате како суперхерој на работното место. Потрудете се да се поврзете со другите, но и да бидете свој адвокат за да можете да го добиете тоа што го сакате. Не се плашете ако треба да поставите некои јасни граници со цел да го зачувате својот мир. 

На крајот на месецот, со младата Месечина во Девица ќе се посветите на тимот и на луѓето кои се ваши пријатели на работното место. Ќе посакате да го прославите својот, но и нивниот успех и ќе бидете среќни што имате свој тим на кој можете да се потпрете. 

Љубов

На 1 август, вашата владејачка планета Марс ги здружува силите со Уран во вашата седма куќа на партнерства, а тоа ќе ве поттикне да се посветите на своите љубовни односи. Ако некој не се однесува како да ве почитува, тогаш време е да ставите крај на комуникацијата со таа личност. Ова е период кога мирот ќе ви биде најважен и така и ќе се однесувате.

Само бидете внимателни околу 9 август кога Венера е во опозиција со Плутон во вашата трета куќа на комуникација, што може да донесе тешки зборови. Не можете да ги контролирате луѓето, не можете да ги натерате да ве сакаат и не можете да ги натерате да ги сакате ако не го чувствувате тоа, но искомуницирајте го тоа на мирен начин.

Со полната Месечина во Водолија на 11 август во вашиот дом и семејство ќе посакате да ја запросите саканата личност или пак да започнете разговор за брак. Ако сте во среќна врска, ќе бидете инспирирани и ќе посакате остатокот од животот да го поминете со таа личност во чие срце се чувствувате најсигурно. 

Но, со тригонот на Меркур со Уран во вашиот сектор на партнерства на 16 август ќе сфатите кому не можете да верувате. Не се плашете да се зближите со луѓето кои ви се допаѓаат, но и да им кажете збогум на оние луѓе кои само ја трошат вашата енергија. 

На 21 август Меркур е во опозиција со Нептун што може да влијае на тоа како размислувате, па потрудете се да не давате големи ветувања. Дури и ако срцето ви вели дека треба да побрзате, ова не е вистинскиот момент за тоа. 

Ако сте во врска, конјункцијата на Марс и Уран во првиот дел од месецот ви носи новини во вашата врска. Ќе ги исполните своите заеднички желби, ќе се зближите и ќе успеете да бидете поотворени во искажувањето на своите чувства. Вториот дел од месецот ви носи повеќе иницијатива и разговори. 

Слободните Шкорпии на почетокот на месецот ќе запознаат личност со силен карактер, која навистина ќе ги воодушеви. Но, по некое време ќе сфатите дали навистина можете да се носите со нејзините карактеристики и дали е тоа вистинската личност за вас. Некои Шкорпии размислуваат за личност која ја познаваат преку работа. Ако бидете храбри и ги покажете своите емоции, тоа може да ви донесе успешна емотивна врска.  

Здравје 

Здравјето е одлично овој месец.