Месечен хороскоп за август 2022: Риби

Овој месец ве потсетува дека комуникацијата е клучна за успех на сите полиња, па затоа потрудете се да бидете искрени.

Ако влегувате во повеќе конфликти од вообичаено, за тоа можете да ја обвините астрологијата овој месец. 

Работа

На 1 август, Марс кој е познат како планета на конфликтите ги здружува силите со Иран во вашата куќа на комуникација и ви носи мали недоразбирања со колегите на работа. Запаметете дека некогаш зборовите се моќно оружје, па затоа не морате да кажувате сè што имате на ум. Дури и да се дојде до таква ситуација, преземете одговорност и извинете се ако тоа е потребно. 

Почетокот на месецот го носи и тригонот на Сонцето со Јупитер што ви носи приходи во областа на услугите и здравството. Ќе имате добро чувство за ракување со парите и ќе инвестирате во области каде ве очекува сигурна добивка.

На 4 август, Меркур влегува во практичната Девица и ви носи многу важни преговори околу едно ново партнерство. Ќе бидете добро подготвени и организирани и така ќе ги фасцинирате потенцијалните соработници. Марс на 7 август прави квадрат со Сатурн и ви носи мал застој на полето на трговијата и сообраќајот, а преговорите ќе наидат на тешкотии, па затоа е добро да почекате. Бидете внимателни и во соработката со колегите. 

На 11 август со полната Месечина во Водолија бидете внимателни околу некои информации кои ќе стигнат до вас. Исто така, ако можеби имате непријатели на работното место, држете се подалеку од нив. Вие сте вредни и популарни и сосема нормално е да имате луѓе кои можеби не можат да го поднесат тоа, но тоа не значи дека треба да подлегнувате на нивните провокации. 

На 16 август ќе добиете шанса да исправите некои ситуации и да надминете некои разбирања со цел да дојдете до успех во работата. Бидете реални и покажете почит кон колегите, тоа е доволно. 

На 22 август со почетокот на сезоната на Девиците ќе имате полни раце работа, а особено ќе ве интересира да се вклучите во еден проект за кој долго размислувате. Дополнително, неколку дена подоцна, Уран почнува да се движи ретроградно и ве инспирира подобро да управувате со своето време. 

Љубов

На 4 август, Меркур влегува во вашата седма куќа на партнерства па лесно ќе можете да се изразите на ова поле, без оглед на вашиот љубовен статус. Дури и да се соочувате со потешка ситуација или проблем, лесно ќе можете да го решите поради вашата способност одлично да комуницирате. 

На 7 август кога Венера е во Рак и во тригон со Нептун ќе посакате само да се посветите на љубовта и на ништо друго. Уживајте во страста, вие го заслужувате тоа повеќе од било кој друг, овој месец. 

Полната Месечина на 11 август ви носи драма во љубовните односи, па важно е да се чувате од конфликти. Ако треба поминете време сами и подалеку од другите за да се тргнете од стресот и недоразбирањата. Штом помине овој транзит, полека ќе можете да и се вратите на романсата. 

Младата Месечина во Девица ви носи магија на ова поле на 27 август. Ќе бидете посветени на градење на односи и поврзаност кои се базирани на заедничка почит и разбирање. Потпрете се на својата интуиција и нема да згрешите. 

На 4 август со влегувањето на Меркур во Девица во вашето поле на љубовта и бракот, доаѓа до подобрување на односите со саканата личност. Одлично ќе се разбирате и врската ќе цвета, а одлично би ви дошло и заедничко патување.

Слободните Риби ќе запознаат личност која сосема одговара на нивните критериуми и со која ќе посакаат да започнат врска, но пред да го направите тоа, осигурајте се дека тие се сосема слободни да ви се препуштат вам. 

Здравје

Овој месец ви носи стабилно здравје и зајакнат имунитет.