Месечен хороскоп за август 2022: Рак

Хороскопот за август бара од вас да ја заштитите својата енергија и да се ставите себеси на прво место. 

Работа

На 1 август, Сонцето прави тригон со Јупитер кој минува низ вашата куќа на работа и кариера. Ова е период во кој ќе направите многу вешти и мудри потези кои ќе ја подобрат вашата финансиска состојба. Ќе успеете да надокнадите некои од пропуштените можности и да остварите напредок во развојот на еден важен проект. Конјункцијата на Марс со Уран ви носи неочекуван почеток на соработката со фирма или личност која работи во сферата на дигитализацијата. Но, можни се одредени недоразбирања со некои соработници од странство што би довело и до прекин на соработката.

На 3 август, Меркур влегува во Девица каде ви помага да направите чекор напред во однос на еден проект кој ви значи. Вашата имагинација ќе биде на високо ниво, па тоа ќе ви донесе поттик да се посветите на креативноста во проектите и ќе успеете во тоа. 

На 7 август, Марс прави квадрат со Сатурн и ви носи мали проблеми и застој на полето на платниот промет. Избегнувајте задолжувања и не влегувајте во ризични инвестиции и трансакции во овој период. На 11 август со полната Месечина во Водолија, важно е да најдете време да се одморите и да подзаборавите на работата. Ако можете да поминете време во природа или на кратко патување, тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите за да можете да се навратите на своите обврски подоцна, свежи и одморени. 

Почетокот на сезоната на Девиците на 22 август ви носи можност да рефлектирате во однос на вашата работа  и успеси и да се подготвите за нови контакти и договори кои ве очекуваат во сезоната на Девиците. Ќе забележите промена и во тимската динамика на работа, особено кога ексцентричниот Уран почнува да се движи ретроградно од 24 август па се во следните пет месеци. 

Љубов

Овој месец ве очекуваат многу различни ситуации на ова поле. Вашиот хороскоп почнува со страствениот Марс кој ги здружува силите со непредвидливиот Уран во вашта единаесетта куќа на заедница на 1 август кога ќе добиете потреба да бидете меѓу луѓе и можеби така да ја запознаете својата сродна душа. Ако се соочите со некакви тензии, пробајте да ги смирите и да сфатите дека тоа е само моментално.

До 9 август, ќе се посветите на љубовната динамика и ќе посакате да имате план, без оглед на вашиот статус. Ова е период кога Венера влегува во вашиот знак и во опозиција со Плутон во вашата седма куќа на партнерства. Тоа ќе ве инспирира да се посветите на вашите љубовни односи и да ја добиете љубовта која ја давате, но и да им покажете на своите сакани колку ви значат. Слободните Ракови ќе добијат храброст да и пријдат на личноста која им се допаѓа и тоа ќе донесе одличен исход. 

На 11 август ќе дојдете до сознание дека не ви е потребна друга личност за да бидете среќни.  На тој ден, полната Месечина во Водолија ја осветлува вашата осма куќа и ве навраќа назад кон минатото. 

На 14 август, Марс формира тригон со Плутон па ова е уште еден момент да се зближите со другите. 

Ако сте во врска, почетокот на месецот ви носи мали несогласувања со саканата личност, а можно е тоа да придонесе кон заладување на односите и оддалечување. Причините за тоа би можеле да се различни, но најверојатно саканата личност се чувствува занемарено. Можни се несогласувања и околу заедничките финансии, кога и двете страни ќе бидат непопустливи. Средината на август може во мала мера да го закомплицира вашиот однос и да придонесе кон засилување на проблемите кои можеби ги имате, а за кои претходно не сте разговарале. 

Слободните Ракови ги очекува познанство на почетокот на месецот кое ќе внесе интересна динамика во вашиот живот. Меѓу вас и вашата симпатија брзо ќе се развијат чувства, но тешко ќе ви биде да функционирате и тоа може да биде само обична авантура.

Здравје

Здравјето е стабилно овој месец. Само чувајте се од болки во грбот и главоболки.