Месечен хороскоп за август 2022: Овен

Август ви носи многу љубов кон себеси. Но, ако се надевате на мирен месец, размислете уште еднаш. 

Среќен август, драги Овни. Со почетокот на сезоната на Лавовите, уживате во овој период така што се поврзувате со своите пријатели и создавате нови пријателства. Вие сте прв знак од хороскопот и како резултат на тоа, секогаш сте во центарот на вниманието. Тоа ви годи секогаш, но само бидете внимателни да не се однесувате како мало дете.

Работа

На 2 август, Марс прави конјункција со Уран и ви отвора нови можности за финансиска добивка и инвестиции. Од друга страна пак, Венера прави квадрат со Уран што ве предупредува да ги избегнувате областите кои наизглед ви носат лесна заработка, иако во пракса тоа нема да биде така. Можни се мали потешкотии во комуникации со соработниците па затоа бидете внимателни.

На 4 август, Меркур влегува во Девица каде е силен и ви носи многу нови можности за нови проекти во областа на услугите. Особен успех ги очекува оние Овни кои се занимаваат со здравство и хигиена. 

На 7 август ќе имате потреба да дојдете до некакви ресурси кои ви се потребни, па затоа ќе треба да побарате поддршка од луѓето кои ви се блиски. Не се плашете од процесот, бидејќи на 11 август Венера влегува во вашата креативна куќа во знакот Лав и ве охрабрува да работите на проекти кои се креативни и ве исполнуваат. Но, не се опседнувајте со работите кои не се во ваша контрола и секогаш потпирајте се на оние кои можат да ви дадат добар совет, бидејќи ништо не можете сами. 

На 14 август, Марс формира тригон со Плутон во вашата десетта куќа на кариера, давајќи ви сила да го надминете она што ве спречува да дојдете до успехот. Ова е транзит кој ќе ви помогне да го постигнете и невозможното и да ги импресионирате другите. На истиот ден, опозицијата на Сонцето со Сатурн на 14 август ве предупредува да избегнувате ризични инвестиции не само на тој ден, туку во текот на целата седмица. 

На 22 август ќе бидете мотивирани да бидете внесени во професионални и креативни проекти. Тоа е период кога почнува сезоната на мотивираните Девици, но вие ќе треба да се потсетите за важноста за одморот и да бидете мотивирани да постигнете баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Два дена подоцна, на 24 август, Уран кој е бунтовникот во хороскопот почнува да се движи ретроградно. Нема причина за никаков стрес, па затоа важно е да имате трпение кон колегите, овој период. 

На 27 август ни доаѓа младата Месечина која е одличен период за нови почетоци. Ова е и момент за грижа за себеси. поставете цели, оддалечете се од социјалните мрежи и погрижете се за својата среќа преку мали нешта. Ако сметате дека заслужувате унапредување или покачување, ова е вистинскиот миг да го побарате тоа. 

Љубов

На 3 август со влегувањето на Меркур во неговиот домашен знак Девица, оваа планета ве повикува да им обрнете внимание на своите сакани. Особено внимание обрнете на своите пријатели, особено ако знаете дека поминуваат низ тежок период. 

На 7 август, љубовната Венера влегува во вашата петта куќа на забава, а тоа ви носи слатко расположение и романса. На 11 август, полната Месечина во Водолија ја осветлува вашата куќа на пријателства носејќи ви продлабочени односи, но и можна љубов која ќе израсне од едно убаво пријателство. 

Овој месец ќе имате потреба да бидете целосно вложени во љубовен однос и нема да сакате работите да ги оставате на половина. Слободните Овни не би сакале да бидат со личност само која половично се вложува. Затоа и на истиот ден, 11 август, Венера која е планета на љубовта влегува во Лав и носи љубовна магија во вашиот живот кога навистина ќе сакате, а и ќе добиете можност да бидете со вистинската личност. 

На 20 август, воинствениот Марс влегува во Близнаци ќе се најдете себеси со силна потреба да се посветите на својот романтичен љубов. Но, важно е и да поставите здрави односи и да воспоставите одлична комуникација со другите благодарение на Близнаците. Тоа ќе ви помогне да се поврзете и со една личност која ви се допаѓа, а ова е ден кој е одличен за љубовен состанок. 

На 25 август, Меркур влегува во вашата седма куќа на партнерства и ви помага да го отворите своето срце без оглед на вашиот статус. Ставете ја саканата личност на прво место и научете како вистински да сакате. 

Ако сте во врска, Венера во првата половина на месецот прави секстил со Марс што ви носи убави односи со членовите на вашето семејство и сакана личност. Но, опозицијата на Венера со Плутон може да ве прави склони кон љубомора и да внесе напнатост во вашиот однос. 

Слободните Овни ќе запознаат интересна личност која силно ќе ги привлече и со која ќе имате многу заеднички работи. Среќата ќе ве следи во љубовта и ќе започнете сериозна врска. Некои Овни ќе посакаат да влезат во авантура со личност која ја запознале неодамна, а можен е и почеток на емотивна врска за некои од нив. Тоа ќе се покаже како исправна одлука. 

Здравје  

Здравјето ќе биде силно и стабилно. Важно е само да применувате превентивни методи за подобрување на своето општо здравје.