Месечен хороскоп за август 2022: Лав

Вие сте ѕвездата каде и да се појавите во текот на август.

Августовскиот хороскоп ви носи голем успех. Но, ако се соочите со предизвици, потсетете се дека најубавите дијаманти се креираат под притисок.

Работа

На 1 август, Марс ги здружува силите со иновативниот Уран и ја осветлува вашата десетта куќа на кариера и јавен имиџ. Тоа ќе ве инспирира да направите драстични промени во вашиот пристап кон работата, а некои Лавови ќе се решат да започнат свој бизнис. Но, ако се соочите  со ситуација кога ќе треба да донесете брза одлука, имајте ги на ум последиците кои би можеле да дојдат подоцна. 

На 4 август, Венера прави секстил со Уран и Марс и ви носи поддршка да ги реализирате своите идеи и да ги остварите планираните цели. Тогаш, Меркур влегува во Девица и ви носи можност да ги средите финансиите, но и да се подготвите за нови финансии. На 11 август, Венера влегува во вашиот знак и ви носи неверојатна самодоверба. Ќе бидете ѕвезда на работното место, а особено ќе се грижите да одржите јавен имиџ на кој другите ќе завидуваат. Блеснете во сиот свој сјај.

На 18 август кога Венера во Лав креира тригон со Јупитер во Овен ќе се насочите кон нови искуства. Овој период не е само за прослава на вашиот роденден, туку и за сите можности кои ќе се појават на вашиот пат во текот на август. Ова е и одличен период за одмор, за нови знаења и нови контакти. Проширете ги своите хоризонти и видете каде ќе ве однесе тоа. 

На 24 август, Уран почнува да се движи ретроградно во Бик и бара од вас да се посветите на своите професионални цели за следните неколку месеци и да го најдете она што ве прави среќни во работата. Ден потоа, на 25 август, комуникацијата ќе биде како вода. Ќе бидете приземјени, комуникативни и заинтересирани за соработка, а тоа и ќе ви донесе успех. 

Младата Месечина во Девица ви носи раст и самодоверба околу 27 август, но важно е тогаш да направите разлика меѓу она што го сакате и она што ви е потребно. 

Љубов

На 11 август, полната Месечина во Водолија ќе ве принуди да размислите што не функционира во вашите љубовни односи. Не можете да натерате никого да ве сака, ниту пак можете да бидете одговорни за сè и секого. Размислете добро што сакате од љубовта и донесете ги одлуките кои долго ги одложувавте. За некои Лавови, оваа полна Месечина носи магија во нивните љубовни односи, но само ако имаат здрав однос кон љубовта и не треба да решаваат проблеми. 

На 20 август со влегувањето на Марс во Близнаци важно е да се чувате од озборувања и конфликти со саканата личност. Избегнувајте ја драмата по секоја цена. 

Ако сте во врска, квадратот на Марс со Сатурн на 7 август може да ви донесе несогласувања и заладување на односите. Ќе имате цврсти ставови од двете страни и ќе ви биде тешко да дојдете до компромис. Дополнително, опозицијата на Сонцето со Сатурн на средината на месецот ќе ви донесе и спротивни ставови околу некои семејни прашања. Не дозволувајте мешање на членови од вашето семејство во вашиот љубовен однос. 

Лавовите кои не се во врска ќе запознаат интересна личност во првиот дел од август. Тоа е некој кој е динамичен, весел и постојано во движење. Оваа личност многу ќе ви се допадне па ќе поминете голем дел од август во обидот да ја освоите. Но, внимавајте дали и другата страна го сака истото како и вие, за да не бидете разочарани на крајот. 

Здравје 

Можен е пад на имунитетот и склоност кон повреди. Бидете внимателни и при ракување со алатот и уредите на работното место.