Месечен хороскоп за август 2022: Близнаци

Хороскопот во август од вас бара да се фокусирате на градење на животот кој го посакувате за себе. 

Овој месец можно е да дојдете до многу сознанија кои ќе го сменат начинот на кој размислувате и им пристапувате на работите. 

Работа

На почетокот на месецот, Сонцето прави тригон со Јупитер и ви носи заработка од соработката со некои личности кои се на висока позиција. Овој транзит ќе ви помогне да склучите договори кои ќе се покажат исплатливи за вас и на долг рок. Секстилот на Венера со Марс и Уран во првата декада на август ви носи плодни идеи за зголемување на финансиите преку тајни канали и тоа ќе се покаже како навистина успешно за вас.

На 4 август, Марс влегува во Девица и ви помага подобро да се организирате и да ги почитувате роковите. Ако се занимавате со приватен бизнис, ќе бидете барани и ќе успевате да договорате многу работи кои ќе бидат поволни за вас во иднина. Луѓето ќе го ценат вашиот пристап и посветеност и добар глас ќе се слуша за вас насекаде. 

На 11 август со полната Месечина во Водолија ќе се насочите кон тимската работа, но и кон подобрување на вашиот однос и комуникација со колегите и клиентите. Комуникацијата ќе биде на одлично ниво, а полната Месечина ќе ви помогне и да склучите важни договори. На истата дата, кога Венера влегува во Лав ќе посакате да трошите и да направите одредени реновирања во домот, па затоа ќе биде важно добро да се организирате и да го подготвите буџетот. 

Заокружете го 20 август во вашиот календар бидејќи на оваа дата Марс влегува во вашиот знак и ви носи храброст да аплицирате за нова работа, да побарате покачување или пак да започнете разговор со вашите надредени за она што го заслужувате. 

Сезоната на Девиците започнува на 22 август кога ќе бидете поорганизирани и фокусирани. Вашиот распоред ќе изгледа одлично и ќе успеете да постигнете многу работи. Девицата е практичен знак и таа ви носи мотивација да се покажете на работното место, но и да покажете колку можете. 

Љубов

Ова е месец кога ќе бидете почувствителни од вообичаено, без оглед на вашиот љубовен статус. 

На 3 август, ќе имате потреба од романса и љубов. На 4 август, вашата владејачка планета Меркур влегува во вашата четврта куќа и ве охрабрува да и дозволите на љубовта да влезе во вашиот живот. Сега е време да уживате во страста, да и покажете на саканата личност колку ви значи или пак да го отворите срцето кон нова личност во вашиот живот, ако сте сами и во потрага по љубов. 

Но, како што Венера влегува во вашата трета куќа на комуникација на 11 август, вашиот социјален живот станува многу интересен и возбудлив и ви носи нови познанства. Тоа ќе ве инспирира да флертувате, да заведувате и да се поврзувате со другите. Во текот на ноќта на 11 август, полната Месечина во Водолија ви носи можност да ги видите можностите на кои досега не обрнувавте внимание. Имајте отворен ум и препуштете се на авантурата. 

Околу 16 август ќе добиете јасна слика за некои мисли и ситуации кои ве мачеа претходно, па сега веќе работите стануваат подобри. Ако треба да простите некому нешто, сега е вистинскиот момент за тоа. Тоа не значи дека треба да ја пуштите таа личност назад во вашиот живот, туку едноставно да се ослободите од лошите чувства кои можеби ги носите во себе. Бидете внимателни околу 20 август кога ќе чувствувате силна страст, но можен е бес. Дозволете и на ваквата енергија да ве води во позитивна насока, а не кон конфликти и нервоза.

Со младата Месечина во Девица на 27 август ќе имате потреба да се посветите на својот личен живот и да поработите на себеси, подалеку од другите. Најдете време за себеси.

Ако сте во врска, тригонот на сонцето со Јупитер на почетокот на август ви носи повеќе излегувања и дружења, но и квалитетно време со саканата личност. Ќе се разбирате добро, а корисно би било да испланирате и заедничко патување. Венера прави тригон со Јупитер во втората половина на август што ќе ви донесе добра поврзаност со саканата личност. Покажете ги отворени свои чувства и бидете тука за саканата личност.

Слободните Близнаци ги очекува интересно познанство на почетокот на месецот со личност која ќе ги освои со својот изглед. Тоа е некој кој е постојано во движење, која држи во себе и знае да се забавува. 

Здравје

Август ви носи стрес и оптовареност, па ќе треба да внимавате на своето здравје. Можни се психосоматски проблеми. Исто така, чувајте го грлото и избегнувајте студени напитоци.