Месечен хороскоп за август 2022: Бик

Август ви носи големи промени, па затоа е важно да бидете трпеливи и да верувате.

На крајот на минатиот месец бевте посветени на домот и семејството. Но, овој месец ви носи многу чувства, особено на почетокот, па затоа треба да се подготвите тоа. Пробајте да се адаптирате на ситуацијата и да го извлечете најдоброто, бидејќи голем дел од промените се одлични за вас и не треба да се плашите од нив. 

Работа

На 1 август, Марс ги здружува силите со Уран што носи одредено ниво на интензитет и независност во вашиот живот. Затоа, верувајте во процесот и препуштете се на ова патување кое е несвојствено за вас, луѓето кои се познати по тоа дека ги сакаат мирот и хармонијата. Големи работи се пред вас. Венера тогаш влегува и во вашата четврта куќа на домот и семејството и ве потсетува на она што е важно, па така ова е период кога ќе доживеете големи професионални промени, но и ќе дојдете до балансот меѓу личниот и професионалниот живот. 

На 2 август, Марс прави конјункција со Уран во вашиот знак и ви помага да дојдете до нови идеи и методи со што ќе го зголемите својот авторитет и ќе се истакнете во работата. Бидете внимателни бидејќи ова не е време на брзи потези кои би можеле да ви донесат грешки.

На 4 август, Меркур влегува во Девица и ви носи инспирација за креативни идеи во вашата работа, без оглед на секторот во кој работите. Ќе имате особен успех ако се занимавате со забава, дизајн, образование и младинска работа. Три дена подоцна, на 7 август, Марс прави квадрат со Сатурн што може да донесе застој во развојот на големи и долгорочни проекти поради некои ваши погрешни чекори од минатото. Ќе наидувате на тешкотии ако работите на полето на менаџментот, ИТ индустријата и градинарството. 

Полната Месечина на 11 август е во вашата десетта куќа во кариерата, па можно е да бидете поттикнати да споделите нешто големо со другите. Вашата кариера ќе биде извор на голема мотивација за вас и ќе ве подготви за една нова фаза во вашиот живот. Време е да препознаете колку сте успешни и колку далеку ве води страста кога верувате во нешто. Во текот на истиот ден, Венера влегува во Лав и ви носи нови понуди особено ако се занимавате со приватен бизнис поврзан со козметика или фризерски услуги.

На 14 август Сонцето прави опозиција со Сатурн и може да ви донесе конфликти со надредените особено ако доцните со некои рокови, а тоа би можело неповолно да се одрази на вашата кариера. Некои Бикови ќе бидат приморани да дадат отказ и да побараат нова работа. 

Овој месец ќе научите и дека не можете да ги контролирате сите нешта во вашиот живот, а тоа особено ќе го сфатите на 16 август кога Уран ќе влезе во вашиот знак. 

Со влегувањето на Марс во Близнаци на 20 август, ќе бидете благословени со оптимизам на ова поле. Можеби конечно ќе го добиете унапредувањето кое го посакувате, ќе дојдете до финансиски прилив или пак ќе добиете неодолива понуда која нема да можете да ја одбиете. 

Кога Сонцето ќе влезе во Девица на 22 август ќе бидете свесни дека сите предизвици низ кои поминавте, конечно се покажуваат дека вредат во вашиот професионален живот. Сонцето тогаш ќе биде во вашата петта куќа на креативност и забава поттикнувајќи ве да се ослободите од грижите и малку повеќе да се опуштите. 

Младата Месечина во Девица ќе го осветли небото на 28 август и ќе ви донесе шанса да се препуштите на нешто што одамна сте сонувале да го направите. Ова е одличен период за Биковите уметници. На 26 август со влегувањето на Меркур во Вага ве очекуваат поволни можности за нови активности на полето на услугите. 

Љубов

На 3 август, Меркур е среќен во својот дом во Близнаци и ви помага лесно да комуницирате, да бидете романтични и да ја покажувате својата наклонетост кон другите, без оглед на вашиот љубовен статус.

На 11 август ни пристигнува полната Месечина во револуционерната Водолија. Таа секогаш е период на транзиција, но овој транзит може да ви донесе стрес, па потрудете се да не кажувате или направите нешто за што ќе зажалите подоцна. На истата дата, вашата владејачка планета Венера влегува во самоуверениот Лав. Изминатите месеци ви требаше време да се поврзете со своето јас, но овој транзит ви носи самодоверба и потреба да се поврзете со друга личност. Ѕвездите се на ваша страна, па што и да направите ќе имате среќа на ова поле. 

Младата Месечина на 28 август е одличен ден за љубовен состанок или пак за време кое ќе го посветите само на саканата личност. Испланирајте нешто и препуштете се на магијата на љубовта. 

Ако сте во врска, Венера прави секстил на почетокот на месецот и ве инспирира да искористите еден од викендите за да отидете на патување со саканата личност и да ја зголемите страста во врската. Тоа ќе му годи на вашиот однос. Во втората половина од август, Венера прави тригон со Јупитер што ќе ви донесе време и можност да решите некои важни работи поврзани со вашиот љубовен однос. Ве очекуваат интимни моменти кои ќе им годат на двете страни.

За слободните Бикови, почетокот на август носи познанство со личност со која ќе чувствувате обострана физичка привлечност. Ќе се пробуди страста и иако на почетокот ќе мислите дека тоа е кратка авантура, можно е да започнете врска до средината на месецот во која ќе се разбудат длабоки емоции. 

Здравје

Здравјето е стабилно. Важно е само да се посветите на здрава исхрана и негување здрави животни навики. Не заборавајте и на секојдневната психофизичка релаксација.