Месечен хороскоп за август 2021:Рак

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Август почнува со млада Месечина во вашата втора куќа на финансии, носејќи ви неочекувана добивка и среќа на ова поле. 

На 9 август, Венера прави опозиција со Нептун, носејќи ви мал проблем поврзан со недоразбирање и погрешно сфаќање на фактите. Ова не е време за големи ветувања ниту пак за зборови за кои можеби ќе зажалите подоцна. Вистината лесно може да биде извадена од контекст па затоа бидете внимателни. 

Меркур прави конјункција со Сонцето на почетокот на август и ќе ви донесе можност за нови инвестиции кои ќе ви се исплатат во иднина. Во првиот дел од август, Меркур и Сонцето ќе прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран, а тоа ќе ви донесе застој и тешкотии во платниот промет. Некои важни трансакции ќе доцнат, а важно е да избегнувате да се задолжувате и да влегувате во кредити. Можни се и несогласувања со соработниците, но и тешкотии и застој во тимската работа. 

Меркур на 11 август влегува во знакот Девица што ќе ви овозможи подобро да се организирате и да ги завршите задачите. Ќе започнете нови преговори кои ќе бидат успешни, а особен успех ги очекува Раковите кои работат на полето на комуникациите и трговијата. Венера на 16 август влегува во знакот Вага каде е силна и носи успех и во приватните бизниси.

Конјункцијата на Марс и Меркур на 19 август ќе ве насочи кон нови преговори кои ќе ви донесат подобрување на финансиската ситуација, но и успех на долг рок. Одлично ќе им оди на оние кои работат во ИТ секторот. Тригонот на Венера и Сатурн ќе ви овозможи сите рокови да ги завршите на време и да го подобрите платниот промет, а тоа ќе ви донесе и мир и стабилност. 

Со сезоната на Девиците на 23 август во вашиот комуникациски сектор, ќе се разбуди екстровертот во вас и ќе блеснете со вашите способности. Лесно ќе ги убедувате другите, ќе преговарате, а и ќе се изборите за она што ви е важно.

Невработените Ракови ќе имаат можност да се вработат во областите поврзани со јавноста и комуникациите, комуникациите, сообраќајот и модерните технологии.

Љубов

Ако сте во врска, опозицијата на Меркур и Сонцето со Сатурн на почетокот на месецот носи заладување на односите со саканата личност и мало оддалечување. Причина за тоа можат да бидат заедничките финансии. Треба да бидете внимателни и јасно да разговарате, без оглед на причината за ваквата ситуација.

На 18 август, ќе имате огромна потреба да се изразите и да ја кажете вистината. Дополнително, со опозицијата на Сонцето со Јупитер на 19 август  ви носи моќна можност да ја зголемите својата самодоверба. Но, бидете внимателни, бидете сигурно во себе, но некои битки се неважни за да ја трошете вашата енергија на тоа. 

Венера прави тригон со Сатурн во втората половина на август што ќе ви донесе повеќе забава, остварување на заедничките цели, повеќе поддршка и стабилност. Партнерот ќе ви ја понуди својата љубов и поддршка, а тоа ќе ви помогне да се справите со сите нешта кои ќе ви ги донесе овој топол месец. Очекувајте и вашата врска да достигне едно повисоко ниво, а тоа ќе ве направи многу задоволни. 

Ако сте слободни, почетокот на месецот носи незадоволство во вашиот живот. Ќе почувствувате потреба да отпатувате некаде сами или целосно да се оддалечите од другите. Потребно ви е време и самоанализа за да можете повторно да и оставите простор на љубовта да влезе во вашиот живот. 

Со влегувањето на Венера во Вага, љубовта добива централно место во вашиот живот. Потрудете се само да изберете личност која е во ваша близина и во чие друштво ви е убаво. 

Можно е запознавање на интересна личност во вториот дел од август но и средба со личност која ви била блиска, а не сте ја виделе одамна. Крајот на месецот за некои Ракови носи личност која е стабилна и која искрено ќе ги покаже своите симпатии кон вас.

На 22 август со полната Месечина во вашата осма куќа на трансформации, точно ќе знаете кој го заслужува вашето внимание и кого сакате покрај себе. Зад себе ќе оставите една приказна од минатото која ви беше важна, но која веќе не заслужува да биде дел од вашиот живот. Осврнете се на поддршката од пријателите и побарајте совет и поддршка за време на полната месечина. 

Сезоната на Девиците почнува на 23 август носејќи ви можност да започнете една страствена авантура со интересна личност и да си донесете возбуда во вашиот живот. Бидете сигурни во себе и покажете точно што сакате. 

Здравје

Меркур во првиот дел од август прави опозиција со Јупитер кој владее со вашето поле на здравје. Можни се тегоби поврзани со респираторниот систем, па затоа би ви годело да поминете време каде воздухот е чист. Вториот дел од месецот ви носи почувствително здравје.