Месечен хороскоп за август 2021:Лав

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Август е ваш месец, а со младата Месечина во вашиот знак на 9 август вие ќе бидете главната ѕвезда во вашата приказна. Ќе бидете автентични, бестрашни и свои и ќе добиете сè што ќе посакате на ова поле. 

На самиот почеток на месецот, Меркур прави конјункција со Сонцето во вашиот знак. Ќе започнете со реализација на нови задачи и ќе бидете добро организирани во спроведувањето на дело на сето она што е ваша лична одговорност. Вашите раководни способности ќе дојдат од израз и луѓето околу вас ќе ве ценат поради тоа. На 9 август, можно е да се чувствувате нервозно поради вашите финансии. Со опозицијата на Венера со Нептун ќе бидете збунети околу својот буџет, но и ќе посакате да трошите на неважни нешта. Не заборавајте на своите долгорочни цели, овој период. 

Но, можни се мали проблеми поради опозицијата на Меркур и Сонцето со Сатурн што може да донесе до доцнење, тешкотии и застој. Вашиот партнери ќе го менуваат начинот на работа, а вие ќе бидете збунети поради таквиот однос. Можно е да наидувате на тешки соработници, но и потешкотии поврзани со документацијата и администрацијата во вашата работа. Бидете внимателни, бидејќи ова е особено нестабилен период за вашата кариера, каде ќе морате постојано да се докажувате за да ја задржите својата позиција. 

На 11 август, Меркур влегува во Девица што ќе ви донесе подобрување во работата и стабилизација на односите со другите. Ако претходно сте направиле некаква грешка, ова е период кога успешно ќе можете да ја поправите и да поразговарате за тоа со другите. Венера влегува во Вага на 16 август и ви носи подобри резултати во преговорите и комуникациите, а особено успешни ќе бидат оние Лавови кои се занимаваат со трговија и маркетинг. Можен е и неочекуван напредок во кариерата.

Вашата финансиска ситуација ќе ви биде приоритет на 18 август кога Меркур и Марс ги здружуваат своите сили во вашата втора куќа на приходи, а тогаш ќе бидете под силно влијание да донесете важна одлука поврзана со вашите финансии. Можно е некои Лавови да одлучат да работат втора работа или дополнителен проект кој ќе им донесе дополнителни приходи. 

Невработените Лавови ќе добијат можност да се вработат во струката или да започнат свој приватен бизнис. Вработувањето може да се случи во областите поврзани со технологија, комуникација и трговија. 

Љубов

Ако сте во врска, опозицијата на Меркур и Сонцето со Сатурн на почетокот на месецот ви носат заладување на односите со саканата личност. Можни се спротивставени ставови, несогласувања, па и тешки зборови. Ниту еден од вас нема да биде подготвен за компромис, а тоа може да донесе до заладување.

Венера во третата декада на август со Сатурн, што ќе ви помогне да ги решите проблемите и несложувањата во вашиот однос. Ќе бидете подготвени искрено да разговарате и да и покажете на саканата личност како се чувствувате. Одлично би ви годело заедничко патување.

Ако сте слободни, ќе ви паѓа тешко фактот дека подолго време сте сами, но кого и да запознаете ќе делува како лош кандидат за вас. Тоа ќе ве натера да се повлечете во себеси во вториот дел од август. Крајот на месецот ви носи запознавање на личност која е интелектуален тип, комуникативна и со јасни ставови и стабилен карактер. Чувствата ќе бидат взаемни од двете страни. 

На 16 август, Венера влегува во вашата трета куќа на комуникации и ќе бидете инспирирани да се поврзете со другите, а ќе бидете и храбри и самоуверени да флертувате со една посебна личност на начин кој ќе ги натера да ве посакаат силно. 

На 19 август, со опозицијата на Сонцето со Јупитер, вашата желба да освоите една посебна личност ќе биде особено силна. Дополнително, многу работи ќе ви станат појасни со полната Месечина на 22 август, кога ќе се запрашате и како да бидете подобар партнер и кои луѓе го вадат најдоброто од вас.

Со почетокот на сезоната на Девиците на 23 август ќе се чувствувате посмирено, посензуално и практично. Ова е период кога Сонцето влегува во вашата втора куќа на самодоверба носејќи ви можност да пронајдете стабилност на ова поле. 

Здравје

Првиот дел од месецот ви носи слаб имунитет и намалена физичка кондиција. Ќе чувствувате зголемен замор, а ќе бидете и подложни на стрес поради работата. Можни се и несоници и главоболки кај некои Лавови. Вториот дел од месецот ви носи подобро здравје. Не заборавајте на витамините и минералите.