Месечен хороскоп за август 2021:Девица

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Ова е месец кога почнува вашата сезона, па подгответе се за големи победи на сите фронтови. Со полната Месечина на 9 јули, можно е да бидете дефокусирани, па затоа не избирајте никакви големи потфати на овој ден, туку најдете време за одмор и активности кои ве смируваат. 

Меркур и Сонцето во првата декада на август ќе прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран. Можно е да се соочите со сплетки на работа и лоши односи со колегите и надредените. Ќе ви недостасува поддршка и постојано ќе се чувствувате како другите да не ве разбираат. Секоја ситна грешка која ќе ја направите може скапо да ве чини во текот на овој период. Поголеми тешкотии ги очекуваат оние Девици кои работат на полето на здравството, услугите, туризмот и образованието. Венера на 10 август прави опозиција со Нептун и доведува до тешкотии во однос на партнерите, а во тој аспект можни се и загуби. На 11 август, Меркур влегува во Девица каде е силен и стабилен  и ви носи подобрување на ситуацијата на ова поле. Ќе бидете и подобро организирани и вашите способности ќе дојдат до израз.

Венера на 16 август влегува во знакот Вага и ве насочува кон изнаоѓање конструктивни решенија за зголемување на вашите приходи и подобрување на финансиската ситуација. Ќе бидете вешти во инвестициите кои ќе ви се исплатат во иднина. Можно е да бидете храбри да испробате нови методи во работата, а тоа ќе биде успешно за вас. Голем успех ги очекува Девиците кои се занимаваат со програмирање и услуги. 

На 18 август можно е да чувствувате силна амбиција, но и агресивност, па треба да бидете внимателни каде и како ќе ја насочите својата енергија. 

Невработените Девици ќе добијат понуда за работа во областа на услугите, финансиите, менаџментот и ИТ секторот, но и сезонска и хонорарна работа.

Љубов

Ако сте во врска, Венера во првата половина на август прави опозиција со Нептун. Можно е да дојде до откривање на некои тајни кои ќе го нарушат вашиот однос, а може да дојде и до прекин на комуникацијата. Неопходна е добра волја, но и напор да се средат работите. 

Особено тензични ќе бидат односите доколку сте во врска во која не знаете како се чувствувате или која е недефинирана. Со опозицијата на Венера во Девица со Нептун, ќе се чувствувате збунето и нема да знаете кој е најдобриот начин за да ја решите ситуацијата. Ова не е период за големи конфликти ниту пак сериозни одлуки. Сепак, со влегувањето на Венера во вашата втора куќа на практичност на 16 август, работите полека ќе се стабилизираат.

Сонцето во третата декада на август прави опозиција со Јупитер. Сите скриени работи меѓу вас ќе бидат откриени, што ќе ве наведе на размислување дека е време да го прекинете односот. Сепак, не е мудро да носите никакви нагли одлуки.

Ако сте слободни, во текот на август ве очекуваат големи осцилации во однесувањето, што ќе ве направат тежок кандидат за влез во врска. Ќе пробате неколку пати да се поврзете со некои личности, но едноставно нема да ви оди поради честите промени во вашето расположение. 

Некои Девици ќе бидат неодлучни во поглед на тоа дали да и дадат шанса на личност која им се допаѓа, но која делува нестабилно и неорганизирано. Сепак, иако ќе бидете на чекор од врска, големи се шансите да се откажете бидејќи зборовите велат едно, а делата друго.

Со опозицијата на Сонцето и Јупитер на 19 август ќе бидете насочени кон себеси и нема да ве интересираат другите. Дополнително, со полната Месечина во вашата шеста куќа на рутина на 22 август ќе изградите здрави навики кои ќе ви донесат подобро расположение. Сепак, вашата сезона почнува еден ден подоцна, носејќи ви самодоверба за да блеснете под августовското сонце и да ги поминете ноќите со некоја посебна личност. 

Здравје

Првата декада од август ви носи зголемена чувствителност на околностите во вашиот живот. Можни се главоболки, но и проблеми со зглобовите. Потребно ви е да најдете време за одмор.