Месечен хороскоп за август 2021:Близнаци

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Сите знаеме колку сакате да комуницирате, па со младата Месечина на 8 август и нејзиниот престој во вашата трета куќа на комуникација, ќе бидете особено успешни во тоа како комуницирате со другите околу вас. Ќе успеете да разговарате отворено, но и да ги слушате другите и да ги смените своите перспективи. 

Сепак, со опозицијата на Венера со Нептун, можно е да се соочите со мала збунетост во однос на вашите цели на 9 август. Ќе посакате сигурност и ќе се запрашувате како да го постигнете тоа. 

Меркур и Сонцето прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран, што може да ви донесе тешкотии во преговорите околу новите активности. Другата страна ќе се поставува тешко и комплицирано кон вас па нема да ви биде едноставно да се носите со предизвиците. Можно е да дојде и до прекин на некои преговори и соработки. Тешкотии ве очекуваат и во организација на работните задачи, во сообраќајот, комуникацијата и работните состаноци. Ако сте планирале одмор во овој период, можно е работата да ви влијае на тоа дури и да решите да заминете некаде.

Но, Меркур влегува во практичната и организирана Девица на 11 август што ќе ви помогне подобро да се организирате и да ги решите проблемите. Венера на 12 август прави тригон со Плутон и носи подобрувања во платниот промет.  На 16 август, Венера ќе влезе во Вага што ќе ги подобри вашите креативни способности, а особен успех ги очекува оние Близнаци кои се занимаваат со дизајн и маркетинг. На крајот на месецот, тригонот на Венера со Сатурн ви носи стабилна заработувачка ако работите на полето на недвижностите, финансиите, образованието и туризмот.

Невработените Близнаци ќе добијат можност за нова работа во областите забава, дизајн, сообраќај и комуникации, но и хонорарна работа која ќе се покаже како многу исплатлива.

Љубов

На 16 август за вас доаѓа најсекси денот во годината кога ќе се чувствувате многу привлечно и посакувано, па никако не треба да останете дома. 

Ако сте во врска, опозицијата на Меркур со Јупитер во првата половина од август ви носи недоразбирања со саканата личност по повеќе прашања. Ќе имате различни ставови, но и потреби и ќе се однесувате како да се движите во две различни насоки. Важно е да бидете подготвени за компромис.

На 18 август, Меркур и Марс ги здружуваат силите во вашата четврта куќа на дом и семејство, што може да донесе мали тензии на површина особено за оние работи кои ги потиснувавте досега. Бидете внимателни како им пристапувате на конфликтите и како комуницирате со другите. 

Сонцето во вториот дел од август прави опозиција со Јупитер, што ќе ги искомплицира дополнително несогласувањата со саканата личност. Овој пат, можно е проблемите да се интензивираат поради буџетот или плановите за патување. 

Ќе чувствувате потреба да минувате време со семејството во кое ќе најдете разбирање и стабилност. Вашите блиски ќе се одушевуваат со топлината и желбата за заедничко време. 

Ако сте слободни, можно е да се трудите да им го украдете вниманието на личности кои се незаинтересирани или зафатени, а тоа ќе ви донесе мало разочарување на ова поле. Излегувањата и комуникацијата со другите луѓе ќе ви бидат напорни, па некогаш ќе избирате да останете дома. Некои Близнаци ќе се одлучат за минлива авантура со личност која не ги привлекува премногу. Можно е и да ве збуни личност која нема да знае што точно сака, па затоа не се објаснувајте себеси и не реагирајте брзо. 

На 22 август, со полната Месечина и сезоната на Девиците, ќе имате потреба од сигурност, па ќе посакате да останете дома сами. Нема ништо лошо во тоа. 

Здравје

Здравјето ќе биде добро и стабилно во текот на целиот август. Ќе ви годат летни спортови, како пливање, кајак и активности во природа.