Месечен хороскоп за август 2021:Бик

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Ова е важен месец за вас, па подгответе се за тоа. Вашиот августовски хороскоп започнува со младата Месечина на 8 август, која ја погодува вашата четврта куќа на иднина, помагајќи ви да се фокусирате на вашите долгорочни цели, но и на уредување на домот или промена на живеалиштето. За некои Бикови можно е и унапредување, или промена на работното место за подобро. Го заслужувате она што доаѓа во вашиот живот. 

Меркур и Сонцето прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран што може да донесе непромислени одлуки и проблеми особено на долгорочните проекти на кои работите. Можно е и доцнење на роковите, а тоа може да се одрази и на вашиот углед во работата и финансиската ситуација. Ќе наидувате на притисок од страна на надредените. Вашите идеи и начинот на којшто пристапувате на работата нема да бидат прифатени, а тоа може да ви предизвика стрес, но треба да сфатите дека оваа ситуација е минлива. 

На 11 август, Меркур влегува во Девица каде е стабилен,а  со тоа ви носи и можност за стабилизација на односите на работа. Венера влегува во Вага на 16 август и ви носи успех во областите поврзани со услуги, како и можност за нови договори.

Конјункцијата на Меркур и Марс на 19 август ќе ви донесе можност за нови проекти кои можеби ќе бидат ризични за почеток, но исплатливи на долг рок. Ќе се насочите кон нешто големо, а ќе имате храброст како никогаш досега. Меркур и Марс во третата декада на август прават тригон со Уран и ви носат успешна реализација на нови идеи кои ќе ја унапредат вашата работа. Успех ве очекува и во областите поврзани со менаџмент, забава, ИТ индустрија, програмирање и угостителство. Со влегувањето на Сонцето во Девица на 22 август можно е да добиете унапредување или некаква висока позиција. Ова е ден кога и полната Месечина ја погодува вашата професионална десетта куќа, што ќе направи да размислите што е тоа што го посакувате з себе на ова поле. 

Во текот на месецот можно е да добиете помош од ментор или успешен соработник, кој ќе ви помогне да ги остварите своите амбиции. Работите се стабилизираат полека на ова поле за вас, па само треба да се водите од своите вредности, без оглед на тоа што се случува на ова поле. 

Невработените Бикови ќе добијат можност да се вработат во областа на козметиката, дизајн, ИТ индустрија и менаџмент.

Љубов

На 9 август, романсата е во воздухот па ќе бидете подготвени да го отворите своето срце, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. 

Ако сте во врска, првата половина од август ви носи мали, но минливи проблеми во врската. Ќе бидете притиснати од работата и тоа може да доведе тензии од двете страни. Потрудете се да ги прилагодите околностите и она што е важно да го решите со разговор,  а имајте ги и на ум ветувањата кои и ги давате на саканата личност.

Конјункцијата на Марс и Меркур во втората половина од август ви носи повеќе динамика во емотивната врска, важни и конструктивни разговори со саканата личност и остварување на заедничките цели. Тригонот на Марс со Уран ќе ви донесе промени кои долго ги посакувате во врската.

Некои Бикови ќе ја прекинат врската која не функционира за нив и иако тоа ќе ви изгледа тешко, сепак отвора можност за нова љубов во вашиот живот. Но, дури и да запознаете нова личност, не дозволувајте брзоплето да влезете во нова или пак паралелна врска, бидејќи тоа ќе ви ги збрка мислите. 

Ако сте слободни, почетокот на август ви носи потреба да се одморите и да бидете сами. Едноставно ќе ги игнорирате повеќето луѓе кои ќе се трудат да ви се приближат. Вториот дел од месецот ви носи запознавање со личност која е комуникативна и која ви делува интересно. Ќе уживате во заедничките разговори и активности, а иако на почетокот сето тоа ќе ви делува како интересно пријателство, мошне брзо ќе започнете врска со таа личност.

На 9 август можно е да запознаете посебна личност, а веќе до 16 август кога Венера влегува во вашата практична шеста куќа, да знаете дали тоа е вистинската личност за вас. Венера влегува во Вага на 16 август кога ќе почнете да забележувате одредени аспекти кои не функционираат во вашиот живот и ќе посакате да направите промени за подобро. Доколку дојде до промени на ова поле, тие ќе бидат позитивни.

Ќе се чувствувате особено поетични и романтични на 18 август, па ви препорачуваме овој ден да не го минувате затворени дома. 

Здравје

Првата половина од топлиот август ви носи чувствително здравје. Ќе бидете подложни на стрес и психосоматски проблеми, како и варирање на крвниот притисок и главоболки. Но, за среќа вториот дел од месецот носи подобро здравје. Ќе се движите повеќе и кондицијата ќе ви биде на солидно ниво.