Месечен хороскоп за август 2021: Вага

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Вие започнувате револуција овој месец. Со младата Месечина во вашата куќа на заедници, ќе се поврзете со другите, ќе водите и ќе ги покажете своите вештини во најдобро светло. Тоа може и да ве истошти, па на 9 август со опозицијата на Венера и Нептун, можно е да чувствувате збунетост и да не разбирате како точно се чувствувате во однос на сите промени на ова поле. Дајте си себеси пауза, не сте машина. 

Меркур и Сонцето во првата декада од август прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран. Односите со соработниците ќе се одвиваат со потешкотии, а за некои заеднички работи ќе ви треба да вложите поголем напор за да се договорите. Можно е прекинување на некоја подолга соработка, особено доколку работите на полето на угостителството, дизајн, градежништво и промет на пари. Избегнувајте да влегувате во големи трошоци, трансакции и кредити. Можно е некој да се потруди да ве искористи и да стекне лична корист од вашата работа и труд. На 11 август, Меркур влегува во Девица каде ќе ви биде полесно да се носите со конкуренцијата. 

На 16 август, Венера влегува во вашиот знак каде ви носи убаво чувство за работата. Ќе раководите одлично, а и ќе се сложувате со другите околу вас. Вашите квалитети и способности ќе дојдат до израз и ќе бидат препознаени. Успех ве очекува во областите на здравство, администрација и спроведување на тајните планови во дело, а тоа ќе ви донесе и вонредна заработувачка. 

Невработените Ваги ќе имаат можност да се вработат во креативни индустрии и на полето на финансиите.

Љубов

Ако сте во врска, првата половина од август ви носи несогласувања со саканата личност кои се поврзани со вашиот заеднички живот и дружење со пријателите. Ќе имате различни потреби и ќе биде важно да најдете заеднички прифатливо решение, за да не дојде до конфликти. Избегнувајте неискреност и тајни.

Вториот дел од месецот носи можност за кратко патување на подалечна дестинација. Марс во третата декада на месецот прави тригон со Уран и ви носи можност во вашата врска да внесете нешто ново што ќе ве зближи.Но, бидете внимателни, на 16 август вашата потсвест, мисли и конфликти може да дојдат на површина со конјункцијата на Марс и Меркур. Некои тајни може да бидат откриени, но не треба да се плашите од својата вистина, туку да се соочите со неа, онаква каква што е.

Ако сте слободни, во текот на првиот дел од август ќе бидете расположени за излегувања, дружење и патувања. Можно е на една забава да запознаете личност и да се случи минлива авантура. Во вториот дел од месецот ако патувате, можно е да запознаете личност која ќе ве привлече со својата динамика, начин на комуникација, но и со која ќе сфатите дека имате повеќе заеднички интереси. 

Со влегувањето на Венера во вашиот знак на 16 август ќе се чувствувате моќно, посакувано и ќе бидете подготвени за флерт. Сепак, поголем дел од Вагите ќе бидат порасположени за авантури отколку за влез во сериозна врска. 

На 19 август, со опозицијата на Сонцето со Јупитер ќе бидете социјални и ќе посакате да ги видите своите пријатели и воопшто нема да ве интересира љубовта. Но, тоа може да ви донесе заљубување во личност која сте ја сметале за пријател. 

Здравје

Меркур прави опозиција со Јупитер во првата половина на август што ќе предизвик слаба циркулација, склоност кон алергиски реакции и проблеми со хормоните кај некои Ваги. Избегнувајте долго изложување на сонце и користете средства за заштита од сонце. Вториот дел од месецот ви носи варијации во крвниот притисок. Потрудете се почесто да конзумирате риба, а поретко млечни производи.