Месечен хороскоп за август 2021: Стрелец

Прочитајте што ви носат ѕвездите во август.

Работа

Со младата Месечина на 8 август време е да си дозволите да бидете спонтани и да ги прифатите понудите кои ви се нудат и можностите кои се отвораат за вас. Заборавете на ориентираноста кон деталите и само следете ја интуицијата.

Меркур и Сонцето на почетокот на август прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран. Тоа може да ви ги наруши плановите за одмор, но и да ви ги наруши резултатите на работа. Ако планирате да отпочнете нешто ново, најдобро е тоа да го оставите за вториот дел од месецот. 

На 9 август можно е да бидете загрижени за нешто поврзано со вашата кариера, особено поради опозицијата на Венера со Нептун која ќе ја намали вашата мотивација и енергија. Но, штом Венера влезе во вашата иновативна единаесетта куќа на 16 април, веќе ќе можете да здивнете. Не заборавајте на силата на тимот.

На 11 август, Меркур влегува во Девица и ви помага подобро да се организирате и да ги решите заостанатите обврски. Ќе бидете практични и вешти, што ќе ви донесе и напредок во кариерата. На 16 март, Венера влегува во Вага и ви помага значајно да ги подобрите односите со колегите, а успех ве очекува и во работата со клиенти, дизајн, маркетинг, човечки ресурси, економија и право. 

На 18 август кога Марс и Меркур ги здружуваат силите во вашата десетта куќа на кариера, идентификувајте што ви е потребно за да се приближите напред кон вашите цели. Можно е да бидете претерано компетитивни, но не дозволувајте тоа да има негативно влијание во рамки на тимот и кон луѓето кои ви се поддршка. 

Во третата декада на месецот, Меркур и Марс прават тригон со Сатурн и ви носат неочекуван успех и заработувачка особено на полињата поврзани со услуги и модерни технологии. Со почетокот на сезоната на Девиците на 23 август, ќе имате поголема контрола над вашата кариера. Некои Стрелци можеби ќе добијат и работа од соништата. Невработените Стрелци ќе бидат во можност да се вработат на полето на програмирање, здравство, книговодство и угостителство.

Љубов

Ако сте во врска, опозицијата на Меркур со Сатурн и квадратот со Уран во првиот дел од месецот ќе ви донесат несогласувања со саканата личност, а за некои Стрелци и целосен прекин на комуникацијата барем на некое време. Од двете страни ќе се чувствува тензијата и ќе бидете склони кон брзи реакции и непромислени зборови.

Конјункцијата која Меркур ја прави со Марс во вториот дел од август ќе ви помогне да ги надминете несогласувањата, но и да внесете нешто ново во вашата врска што ќе ја освежи и ќе донесе поголемо разбирање.

Ако сте слободни, овој месец ви носи повеќе интересни личности, но повторно актуелна ќе биде вашата неодлучност. На 22 август со полната Месечина во вашата трета куќа на комуникации, можно е да слушнете интересни вести или да имате разговор кој ќе ја промени вашата љубовна ситуација.

Здравје

Ќе бидете чувствителни на стресот, а можни се и главоболки, психосоматски и метеоропатски проблеми. Советот е да одморате повеќе и да избегнувате стресни ситуации. Вториот дел од месецот ви носи подобро здравје и расположение, но и посилен имунитет.