Месечен хороскоп за август 2021: Шкорпија

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Ова е месец за професионални победи. Време е да ги преземете работите во свои раце и да ја сфатите својата кариера посериозно. Младата месечина на 8 август настапува во вашата десетта куќа на амбиции, а космосот ви носи поддршка да ја приоритизирате кариера и да го постигнете она што го сакате. Време е да ги тргнете од својот живот сите оние сенки кои ви ја намалуваат самодовербата. 

На самиот почеток на август, Меркур и Сонцето прават конјункција во вашето поле на работа и кариера. Ќе добиете нови работни задачи и одговорности, можеби и подобро работно место каде ќе треба да се докажете. На самиот почеток, може да се соочите со тешкотии кои нема да зависат од вас, но вие имате силни способности и ќе успеете да се докажете. Важно е само да не заборавате колку е важна тимската работа и да се подготвите на компромиси.

Подоцна, Меркур и Сонцето прават конјункција со Сатурн и квадрат со Уран што носи доцнење во однос на постигнувањето на некои цели, следење на роковите и тешкотии во односите со клиентите и соработниците. Особени проблеми ги очекуваат оние Шкорпии кои се занимаваат со градинарство, јавност, земјоделие, модерни технологии и медиуми. За среќа, Меркур влегува во Девица на 11 август што ќе ви помогне да ги подобрите соработничките односи и да бидете подобро организирани.

На 16 август, Венера влегува во Вага каде ќе биде силна и ќе ви овозможи да откриете кој ви работи зад грб. Ќе преземете мерки да се соочите со таквата ситуација и тоа ќе вроди со плод. 

Невработените Шкорпии ќе добијат можност да се вработат во полињата поврзани со модерни технологии, реклами, јавност, економија и право.

Љубов

Ако сте во врска, квадратот на Сонцето со Уран во првиот дел од август ви носи неочекувани несогласувања со саканата личност особено во поглед на целите. Иако првично имате одредено приоритети, некои работи се менуваат за вас и едноставно гледате на различни страни. Имајте на ум дека сето ова е решливо, но само ако разговарате искрено и покажете волја за тоа.

На 9 август со опозицијата на Венера со Нептун, можно е да дојде до сериозен разговор за тоа каде се движи вашата врска особено бидејќи сте нејасни за другата страна. На 12 август со влегувањето на Венера во вашата спиритуална дванаесетта куќа, ќе одлучите да поминете време сами и да се оддалечите од другите, што ќе биде уште еден знак за партнерот дека можеби е време за крај. Ова е период кога треба да бидете особено внимателни како ќе комуницирате особено ако таа личност ви значи, а не го знаела тоа досега.

Тригонот на Меркур и Марс со Уран во третата декада од август ви носи решенија и компромиси, но само ако претходно вложивте напор за тоа. Ќе заклучите дека ви е убаво покрај таа личност, а одлично би ви дошло да заминете на кратко патување.

Ако сте слободни, ќе ве заинтересира една личност со која ќе се сретнете за да се запознаете подобро. Сепак, можно е до вас да дојдат информации за таа личност кои нема да ви се допаднат, па често ќе се премислувате. Вториот дел до месецот за некои Шкорпии носи интересна средба со личност која ќе ја запознаете преку пријател. 

Со настапувањето на полната Месечина на 22 август во вашата четврта куќа на дом и семејство, некои вистини ќе излезат на површина. Но, со почетокот на сезоната на Девиците на 23 август ќе бидете подготвени за нови дружења, пријателства и романса. 

Некои Шкорпии ќе бидат неодлучни, а некогаш ќе носат брзи одлуки кои ќе ги чинат скапо. Можна е и авантура, која брзо ќе ја прекинете, а потоа ќе зажалите. 

Здравје

Во текот на август, вашето здравје ќе биде одлично и ќе имате одлична кондиција. Ќе чувствувате и потреба повеќе да се движите и да минувате време во природа. Би ви годеле спортови како пливање, кајак и возење велосипед.