Месечен хороскоп за август 2021: Овен

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на август.

Работа

Сонцето и Меркур прават опозиција со Сатурн и квадрат со Уран во првата декада од август. Овие аспекти можат да донесат тешкотии на полето на финансиите, а голема е веројатноста дека ќе бидете склони и кон непромислени ризици поради кои би можеле да претрпите загуби. Односите со соработниците ќе бидат исто така комплицирани, па можно е да дојде и до прекин на некои соработки па дури и конфликт. Бидете внимателни како ќе реагирате на сето ова и пробајте да не кажувате зборови за кои ќе зажалите. Август не е месец во кој треба да земате кредит.

Можно е да се соочите со проблем со фокусот и концентрацијата на 9 август кога Венера прави опозиција со Нептун, па така ова е ден кога ќе сакате да избегате од реалноста и да сонувате. Не преземајте значајни обврски и сериозни состаноци, туку направете го само она што треба да се направи. 

На 11 август, Меркур влегува во Девица каде ќе биде силен и ќе ви донесе нови понуди, особено ако работите на полето на услугите. Вашите односи на работното место ќе се стабилизираат а одлична соработка ги очекува оние Овни кои работат на полето на јавноста и комуникации. Ако се занимавате со право или работите со клиенти, ќе бидете многу барани во текот на овој месец. 

Меркур прави конјункција со Марс на 19 август и ви носи храброст за нови потези, поврзани со услуги, механика и фармација. Тогаш, ќе се чувствувате особено продуктивни и подготвени да ги реализирате своите идеи. Ќе можете и да се фокусирате на повеќе работи одеднаш и да бидете суперѕвезда на работното место. Сонцето на 20 август прави опозиција со Јупитер па можно е да ја изгубите поддршката од важна личност. 

Сезоната на Девиците започнува на 23 август активирајќи ја вашата шеста куќа на здравје и работи поврзани со домот, па ќе добиете можност да се фокусирате на попрактични цели. 

Невработените Овни ќе бидат во можност да се вработат во својата струка.

Љубов

Како што започнува топлиот август ќе ја чувствувате жештината на страста н ова поле. Тоа особено ќе биде интензивно за време на младата Месечина на 8 август, која настапува во вашата петта куќа на креативност помагајќи ви да се изразите без оглед на тоа дали имате партнер или сте во потрага по нова личност. 

Ако сте во врска, Венера во првата декада на август прави тригон со Уран и ви носи остварување на плановите и нов пристап кон саканата личност. Тоа ќе и помогне на вашата врска, но опозицијата на Венера со Нептун на 10 август од вас бара да ги избегнете тајните и лагите од саканата личност.

На 16 август Венера влегува во вашата седма куќа на партнерства носејќи ви големи прашања особено доколку не сте во дефинирана врска или пак сакате односот да го поткренете на едно повисоко ниво. 

Во вториот дел од месецот, саканата личност ќе ви го пружи најдоброто од себе поради присуството на Венера во хармоничната Вага. Сепак, најважно е да не пробувате да ги вовлечете другите во вашите драми во текот на месецот и да не носите нагли одлуки. Не размислувајте за лошите искуства од минатото, туку водете се од тоа што го имате со оваа личност покрај вас. 

Ако сте слободни, почетокот на август ви носи средба со личност која е поинаква од оние кои ги познавате, како по својот стил така и со своите ставови. Ќе бидете привлечени од нивната оригиналност и отвореност кон нови искуства. На почетокот ќе ви делува како сето тоа да е минлива авантура, но вториот дел од август ви носи почеток на врска со оваа личност и двајцата ќе се чувствувате заљубено и исполнето.

Некои Овни ќе бидат изненадени од вниманието од личност која изненадено ќе влезе во нивниот живот, па на почетокот нема да знаат како да се постават. Но, сето ова има потенцијал да премине во убава и хармонична врска.

На 19 август со опозицијата на Сонцето со Јупитер, ова е совршен ден за нова љубов и нови луѓе во вашиот живот. Со полната месечина на 22 август веќе ќе имате појасна перспектива кого сакате покрај себе, но и ќе бидете подготвени да го дадете најдоброто за една посебна личност во вашиот живот. 

Здравје

Првиот дел од месецот ви носи проблеми со зглобовите, па затоа избегнувајте да се оптоварувате. Избегнувајте студени пијалоци и хранете се поздраво. Вториот дел од месецот ви носи стабилно здравје и подобро расположение.