Месечен хороскоп за август 2021: Јарец

Прочитајте што ви носат ѕвездите во август.

Работа

Ова е месец во кој ќе успеете да ја повратите својата моќ и да им покажете на другите колку умеете. Со младата Месечина на 8 август во вашата осма куќа на трансформации, ќе размислувате за своите финансиски трансакции и ќе направите план за трошењата. Можна е и понуда за нова работа во овој период, но не дозволувајте стравот од промени да ве остави во статус-кво позиција. 

Во првата половина на август, Сонцето прави опозиција со Сатурн и квадрат со Уран. Тоа ќе ви донесе застој во преговорите и тешки соработници. Некои големи проекти можеби ќе мораат да бидат прекинати поради недостатокот на заеднички интереси или компромис. Можни се несогласувања и со соработниците од странство, а највеќе конфликти ќе се јават со луѓето од авторитет и во рамки на тимот. Опозицијата на Венера со Нептун ќе донесе доцнење на некои рокови. Можни се и сплетки, па затоа бидете внимателни.

На 11 август, Марс влегува во Девица и ќе ви помогне да се организирате во работата. Венера на 16 август влегува во Вага каде ќе ви донесе помош во однос на тимската работа и средување на ситуациите кои претходно се јавија во тимот. Успех ги очекува оние Јарци кои се  занимаваат со невладини организации, јавност и дизајн. Во тој период, Меркур прави конјункција со Марс па ви носи дополнителна поддршка. 

На 18 август ќе имате голема промена за некаква драстична промена, но не правете ништо претерано импулсивно. На 19 август, секое вложување ќе ви се исплати, а ако имате план да отворите нов бизнис во текот на август, ова  е ден кој е совршен за тоа. 

Невработените Јарци ќе добијат шанса да се вработат во областа на забавата, јавноста, дизајн, здравство, архитектура и градежништво. 

Љубов

Ако сте во врска, првата половина од август ви носи променливо расположение, неочекувани промени во плановите и несогласувања во однос на вашите заеднички цели. Вие ќе имате различни приоритети во однос на оние на саканата личност. Сепак, за среќа вториот дел од август носи подобар период и стабилност. Ќе бидете посветени еден на друг и ќе бидете поддршка. 

Особено негативна ситуација може да се случи околу 9 август кога вистината ќе биде извадена од контекст и нешто што сте кажале да биде употребено против вас. Потрудете се да бидете јасни и отворени колку што можете, а веќе на 16 август доаѓа можност да ја средите таквата ситуација. 

Ако сте слободни, во текот на првата половина на август ништо значајно нема да ви се случува. Ќе наидувате на личности кои ќе ви делуваат млако, површно или празно. Но, вториот дел од август ви носи средба со една практична и комуникативна личност која доаѓа од странство или ќе ја запознаете на некое патување. Иако ќе бидете повеќе наклонети кон авантура, големи се шансите да започнете и врска.

Младата Месечина настапува во вашата осма куќа на смрт, секс и трансформации. Некогаш сте критични кон себеси, но и кон другите, но оваа месечина бара од вас да се опуштите и да излезете на љубовен состанок. Не го избегнувајте тоа. 

На 19 август, планетата на романсата Венера влегува во Вага и иако некогаш сакате да сте сами, ова е период кога ќе посакувате да влезете во врска. 

Некои Јарци ќе запознаат личност со која ќе имаат многу заеднички интереси, а меѓу вас ќе се јави обострана симпатија.

Здравје

Неповолните аспекти на Меркур кој владее со вашето поле на здравје со Сатурн и Уран во првата половина на август ви носат тегоби во делот на коските и зглобовите, како и опасност од падови. Можно е и да бидете подложни на стрес.