Месечен хороскоп за април 2023: Вага

Време е да ги проширите своите хоризонти.

Работа

Работите можеби ќе ви изгледаат несигурно на почетокот на месецот, но тоа значи дека само се подготвувате за нешто големо во иднина. Сепак, би можело да се каже дека ова е одличен месец за вас бидејќи ќе бидете оптимистични и амбициозни. Имате поддршка од пријателите, а првите денови од месецот ќе бидат карактеристини по вашата челична волја да успеете и да ги примените на дело своите идеи. Околу средината на месецот доаѓа и до зголемен прилив на финансии. 

Ако вашата работа бара добра комуникација или креативност, ќе бидете многу успешни во тоа. Оние кои работат работа поврзана со медиумите би можеле да очекуваат зголемување на приходите, а истото се однесува и на Вагите кои работат во банка, работа поврзана со право и државна администрација. 

Марс, планетата на акцијата и амбицијата се движи низ вашата десетта куќа на кариерата во текот на април, што во голема мера ќе ја зголеми вашата амбиција. Ќе посакате да биде забележан вашиот напорен труд, повеќе од било кога. За среќа, на почетокот на месецот, одговорниот Сатурн е во конјункција со Марс што ви носи посветеност, трпение и можност да ги завршите и најтешките задачи на совршен начин. Спојот на овие две планети ќе ви помогне да бидете фокусирани за да успеете. 

На 6 април ни пристигнува розовата полна Месечина во вашиот знак што ќе ја осветли првата куќа на вашата личност и ќе ви донесе голема мудрост. Ова е транзит кој ќе ви донесе самодоверба, но и ќе ви помогне да се видите себеси во ново светло. Веројатно ќе станете свесни за нешто за што не сте биле свесни претходно. 

Љубов

Во текот на април, ќе се соочите со трансформација на ова поле. 

Ова е месец во кој ќе се фокусирате на вистинската љубов, она што ви го грее срцето и ве прави навистина среќни. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, април е месец на магија на ова поле. За слободните Ваги, голема е можноста ова да се претвори во месец во кој ќе ја најдете својата сродна душа. 

Меркур влегува во Бик на 3 април во вашата осма куќа на секс и ви носи романса и фокус на задоволството.

Полната Месечина во вашиот знак на 6 април ви носи инспирација да замислите желба, а ви носи и нејзино исполнување. 

Енергијата на планетите носи возбуда, но и поврзување со луѓе кои ви одговараат

На 11 април, Плутон прави аспект со Венера во вашата седма куќа на парнерства, а љубовта ќе стане ваш приоритет во овој период, како некаков вид на опсесија. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, ќе имате силна потреба да и се препуштите на страста и да уживате во прегратките на личноста која ви значи. Емоциите ќе бидат прилично интензивни.

Соларната еклипса на 19 април е во вашата седма куќа на партнерства. За вас, ова значи неочекувана промена на ова поле. Но, потрудете се да го избегнете стресот и да не носите нагли одлуки. Сензуалната сезона на Биковите започнува 2 дена подоцна, на 21 април. Тоа за вас е период на целосно уживање. До крајот на владеењето на Биковите ќе се чувствувате стабилно, но и променето. 

На крајот на месецот, на 28 април, планетата на ексцентричноста Уран се поврзува со Марс и ви носи период кога ќе можете своите идеи да ги пренесете во реалноста. Искористете ја мотивацијата која ви ја носи овој транзит и направете го она што долго време сте го планирале, но не сте имале можност да го направите.

Здравје 

Се исцрпувате премногу, потребен ви е одмор.