Месечен хороскоп за април 2023: Стрелец

Хороскопот за овој месец најавува нова љубов, но и нови пријателства.

Работа

За многу родени во овој знак, април ќе биде точка која ќе одреди нова насока во нивната кариера. Останете максимално посветени на она што ви значи, а тоа ќе ве однесе кон остварување на вашите соништа. Имате голема поддршка од еден Овен, Бик, Вага и Лав. 

Не сакате да ризикувате (иако можеби треба), но вашиот ентузијазам ќе биде на завидно ниво. Контактите со странство и со научни институции ќе ви донесат корист и можност за напредок. Ако посакувате да отворите приватен бизнис, побарајте помош или совет од еден Јарец. Тие ќе ви помогнат да успеете на долг рок. 

На 3 април, Меркур влегува во Бик во вашата куќа на здравје. Во астрологијата кога зборуваме за здравјето, тоа не значи болест, туку, потреба да воспоставите баланс меѓу работата и личниот живот и да не го занемарувате своето здравје. 

Љубов

Љубовта е на вашиот ум, овој месец. Сега е време да научите што за вас значат вистинската љубов и да бидете тука за оние кои ги сакате.

Овој период во голема мера ќе влијае на одлуките кои ќе ги носите, а кои се поврзани со љубовта. Ако во изминатиот период сте биле склони кон грешки, сега ќе се трудите да го направите она што знаете дека добро за вашата врска, но и да ја прифатите својата одговорност во целост. 

За слободните Стрелци, крајот на месецот носи врска со еден амбициозен Бик, Вага, Рак или Јарец. 

На 11 април, планетата на љубовта Венера се придвижува во вашата седма куќа на партнерства и ја става љубовта на прво место во вашиот живот. Ќе бидете опседнати со тоа да се посветите на саканата личност ако сте во врска, или пак да најдете нова љубов, ако сте сами, што воопшто нема да биде тешко овој месец. 

Многу лесно ќе успевате да креирате хармонија во односите со другите околу вас и да ги искомуницирате и покажете своите чувства. Но, нема да сакате било каква љубов – туку длабока, физичка и емоционална поврзаност со посебна личност. 

На истиот ден, Сонцето прави конјункција со Јупитер во Овен и ви носи изобилство среќа преку мали и слатки моменти. Ова е најсреќниот ден овој месец, не заборавајте. Лесно ќе привлекувате нови луѓе во својот живот, а ако сте сами, големи се шансите на овој ден да ја запознаете својата сродна душа. 

На 14 април, сериозниот Сатурн ја предизвикува Венера и ви носи чувство на меланхолија во љубовта. Можеби ќе се чувствувате осамено иако сте меѓу други луѓе, но ова е само фаза. 

Здравје 

Можни се вирусни инфекции, чувајте го своето здравје.