Шкорпиите се подготвени да се посветат на своите цели во текот на април.
Работа
Овој месец, универзумот ќе ве поттикне да верувате дека успехот чека на вас. Но, почетокот на месецот би можел да биде малку напорен бидејќи ве очекуваат повеќе обврски, па затоа ќе треба овој период да го искористите на најдобар можен начин.
Ве очекуваат нови професионални можности, особено со поддршка на друга Шкорпија, Јарец или Девица. Како што ќе минува времето во април, така ќе се зголемуваат и вашите можности, па големи се шансите да добиете понуда за нова работа на полето на финансиите, банкарството или пак медиумите.
Планетата на акцијата Марс се движи низ вашата деветта куќа на експанзија во текот на април. Ќе бидете гладни за авантура и неуморни. Ако се чувствувавте како работите да стојат во место, сега тоа полека се менува.
Ќе среќавате нови луѓе, ќе започнувате нови соработки и така ќе доаѓате до успехот на кој одамна се надевавте. Она што луѓето ќе го ценат кај вас е вашата автентичност. Тоа се должи на влијанието на Марс кој ви носи енергија и поттик да ги исполните своите цели, но и на влијанието на Сатурн и неговата конјункција со Марс, што ќе ви донесе дисциплина и посветеност.
На 7 април, планетата на комуникацијата Меркур прави конјункција со Марс и ви носи можност да бидете ефикасни и конкретни. Ќе комуницирате одлично со членовите на вашиот тим, а тоа лесно ќе се пренесе и на радоста која ќе ја чувствувате во личниот живот.
Најсреќните денови за вас доаѓаат на 11 и 19 април кога ќе добиете можност да отпочнете нови планови. Но, ова е и период кога треба да обрнете внимание на балансот меѓу работата и вашиот личен живот и да се фокусирате на своето здравје.
На 20 април, Плутон е во опозициј со Сонцето и зголемува вашата потреба за контрола. Ова е интензивен аспект кој може да ве направи склони кон конфликти, особено со вашите надредени. Ќе се чувствувате несигурно и можно е да имате поголема желба за контрола од вообичаено.
Љубов
Некои слободни Шкорпии овој месец би можеле да се заљубат во личност која ја познаваат преку работа. Тоа е амбициозна личност родена во знакот Риби или Јарец.Но, внимавајте бидејќи можно е да сте склони кон тајни или паралелни врски кои нема да ви донесат ништо ново, туку само ќе ве истоштат. Ви годи комуникацијата со еден Бик, Рак или Стрелец, а тешко се разбирате со една друга Шкорпија, која е слична на вас, но и многу сомничава во вашите намери.
На 3 април, Меркур влегува во вашата седма куќа на партнерства што од вас бара да не бидете лути и чудни во комуникацијата со вашите сакани. Ова е период во кој треба да ги изразите своите чувства на отворен и транспарентен начин и да им покажете колку ви значат.
Полната Месечина е во Вага на 6 април, а тоа ве поттикнува да го поминете времето со личност која ви значи. Ако сте слободни, ова може да е добар момент да ги изразите своите чувства кон некој.
Плутон прави конјункција со Венера на 11 април, што ви носи интензитет и страст во вашите интимни односи. Не само што ќе се зголеми љубовта во овој период, туку и ќе посакувате да уживате во убави нешта. Задоволството ќе ви биде на прво место, без оглед на вашиот љубовен статус.
Соларната еклипса на 19 април ви дава можност да се извините за лошо кажаните зборови или пак некои грешки кои можеби сте ги направиле во комуникацијата со оние кои ви значат. Ова е и период кога не треба да сте сами, туку да излезете меѓу луѓето и да уживате во енергијата.
Почетокот на сезоната на Биковите ви најавува неверојатна љубовна сезона. Ќе бидете заинтересирани за љубовта – за време поминато со саканата личност, изненадувања, но и љубовни состаноци, ако сте слободни.
На 21 април, Меркур ќе почне да се движи ретроградно што може да ви донесе погрешна перцепција за некои нешта, но и несигурност и потреба за кавги. Обидете се да сфатите дека ова е транзит кој секогаш прави хаос во комуникацијата и дека не треба да дозволиме тој да ги уништи нашите љубовни односи или комуникација поради лошо кажани зборови или недоразбирања.
При крајот на месецот, на 28 април, Марс го започнува танцот со Уран и ви носи потреба за авантура и возбуда. Ова е одличен период за да оставите некои нешта и луѓе зад себе и да се подготвите за нови искуства.
Здравје
Избегнувајте стресни ситуации. Минувајте повеќе време во природа.