Месечен хороскоп за април 2023: Рак

Во април ќе бидете незапирливи и непобедливи.

Работа

Овој месец ви носи речиси сè што ќе посакате. 

Веројатно чувствувате нова енергија во вашиот живот, а тоа се должи на влијанието на Марс кој се движи низ вашата куќа на идентитетот. Исполнети сте со моќна енергија и подготвени да направите суштинска промена во вашиот живот. Ќе бидете отворени за соработка и полни со нови идеи, што ќе ги импресионира вашите надредени, но ќе ви отвори и простор за нови соработки и нова работа, за оние Ракови кои го посакуваат тоа. 

Но, за голем дел од Раковите, април ќе биде напорен месец посебно поради многуте обврски кои чекаат на вас. На моменти ќе ви недостасува ентузијазам особено ако работите на работно место на кое не сте среќни, но ѕвездите ви најавуваат многу убави промени. Крајот на месецот ви носи премин на ново работно место што може да значи и повеќе патувања во странство. 

Во текот на овој месец ќе бидете под притисок да прифатите еден предлог од еден Лав, Овен или Водолија. Оние кои се занимаваат со политика или пак сопствен бизнис ќе бидат многу активни и подготвени за инвестиции. Заминувањето во странство е сериозна опција за многу Ракови. 

На 1 април, моќната конјункција меѓу Марс и Сатурн ви помага да ги завршите и најтешките задачи. Ќе бидете силни, трпеливи, дисциплинирани и водени од своите соништа. Тоа ќе ви донесе ефикасност, но и самодоверба и радост поради она што го постигнувате.

Сатурн се движи низ вашата деветта куќа на етика, филозофија и учење, а вие силно ќе го чувствувате тоа. Во овој случај, оваа планета на дисциплината ќе ве поттикне да погледнете кон своите верувања и да сфатите што е она што е суштински важно за вас и релевантно да ви го промени животот. Ова е транзит кој ќе ви донесе нова верба во себеси.

На 3 април, планетата на комуникацијата Меркур ќе влезе во Бик што ќе ви помогне да ги надминете недоразбирањата кои можеби ги имате со вашите колеги и соработници. Кога небото ќе биде осветлено со полната Месечина во Вага на 6 април ќе имате потреба да заборавите на работата и да најдете мир и спокој во вашиот дом. Ова е транзит кој ве поттикнува да погледнете во себе, да заборавите на телефонот, но и на сите обврски поврзани со работата кои можеби чекаат на вас. Имате право на тоа. 

На 11 април ќе добиете некаков вид на јавно признание за вашиот напор и ќе успеете да се искачите повисоко на професионалната скала. Ова е одличен момент за да посакате и да го добиете она што ќе ви го исполни срцето со среќа. Освен тоа, ова е месец кој ви носи и голема поддршка од колегите и пријателите. 

Соларната еклипса на 20 април ќе има огромен ефект на сите нас, но со оглед на тоа дека Месечината е вашиот владетел, вие особено ќе бидете погодени од овој транзит. Ова е одлично време да се изразите и да бидете искрени. Откријте го она што прави да се чувствувате добро и насочете се кон тоа. Оваа моќна еклипса се случува во вашата десетта куќа на кариерата и репутацијата, што значи дека носи магија на ова поле. Големи се шансите да добиете убави вести на оваа дата. 

Со почетокот на сезоната на Биковите на 21 април ќе се посветите на вашите интереси, а некои Ракови ќе се одлучат за хонорарна работа. Најдете го она што ве прави среќни и посветете се на тоа, а ако тоа може да ви донесе приходи, уште поубаво. 

На 21 април, Меркур го започнува своето ретроградно патување и ви носи мали предизвици на ова поле. Прегледувајте ги по неколку пати пораките кои сакате да ги испратите и не реагирајте кога сте бесни. Ова е главната порака секогаш кога оваа планета е ретроградна. 

Љубов

Ова е месец во кој голем дел од енергијата ќе биде насочена на вашето поле на кариера, но тоа не значи дека не ве очекуваат убави моменти на полето на љубовта. Но, без оглед на тоа дали сте во врска или не, треба да имате на ум дека присутна е одредена своеглавост од ваша страна, што претставува тешкотија за другите луѓе, бидејќи не можат да ви се приближат.

За некои Ракови можна е средба со личност која живее или работи во странство. Ако станува збор за Бик, Стрелец или Риби, ќе ви биде тешко да најдете компромисно решение. 

Оние кои се во врска со Шкорпија или Јарец, ги очекува многу убав љубовен месец исполнет со слатки изненадувања. Врските со Водолиите се малку напорни за вас, овој период.

Со пристигнувањето на ретроградниот Меркур на 21 април, можно е враќање на личност од минатото во вашиот живот. Дури и да не се случи тоа, имајте на ум дека кога Меркур е ретрограден, тој носи  проблеми од минатото, но и недоразбирања и конфликти. Имајте на ум дека ова е транзит кој трае до средината на мај, а дотогаш не ги сфаќајте лично работите кои се кажани и направени и бидете внимателни што кажувате од ваша страна. 

Здравје 

Намалете ја брзата храна. Обрнете внимание на стомакот.